Обичаите за овој голем празник кај нашиот народ се бројни, а за тоа се заслужни чудотворното раѓање и животот на Свети Јован. Православната црква и верниците на 20. јануари го прославуваат еден од најзначајните светци – Светиот Јован Крстител.

Овој светец го слават голем број луѓе во нашата земја, како светител познат по чистотата, моралот и Божјата одлука токму тој да го изврши светиот чин – крштевањето на Исус Христос.

На овој голем ден секој верник мора да биде свесен за една голема света тајна на која Светиот Јован сите нè повикува. Тоа е тајната на покајанието, преобразбата, преиспитувањето и ставањето на сиот свој живот во “суштината на Спасителот”, за да може тој и натаму да нè води, не дозволувајќи да скршнеме од патот.

Свети Јован говорел: “Треба да одиме по Господовиот пат, тој да биде богонасочен, воден од Бог, да нè упатува кон Творецот кој кротко, а не нас-илно нè повикува: Покајте се, бидејќи се приближи Царството небесно и не ја пропуштајте огромната шанса која ви е дадена.”

Како пророк и Господов Крстител, Свети Јован се смета за громогласна труба која повикува на преобразување на целокупното човеково битие, кој со својот живот покажува дека овој свет не е ништо и дека многу маски кои ја сокриваат нашата Небесна земја, паѓаат пред вистинскиот живот и пред доаѓањето на вистинскиот лик човечки во лицето на Исус Христос.

Во тој вистински лик сите ние се огледаме и ги пронаоѓаме своите мани и слабости, местата кои треба да ги поправиме за да се сообразиме во ликот кој не е за овој свет, туку за безбројните векови.

Достигнувајќи го овој лик, каков што Бог за нас го посакува, како што Бог сака да изгледаме, Свети Јован има слобода и смелост да повикува на покајание и потполно преображение на човековото битие. Свети Јован покажал како треба да изгледа човекот.

Покажал какви и каде треба да бидат побарувањата на човекот и каков треба да биде неговиот однос кон Бог и ближниот. Свети Јован затоа вели: “Ти треба да растеш, а јас да се смалувам – јас за Тебе проповедав а сега кога дојде, јас се тргам на страна како оној пријател на младоженецот кој стои на свадбата и се радува на неговиот глас, дозволувајќи сепак, тој да биде во средиштето на настанот.

Со зборовите дека не е достоен да ги соблече чевлите христови, Свети Јован всушност ни покажува како треба да се однесуваме кон Бог. Бидејќи не сме живееле со покајание, ние си мислиме дека Христос треба да ни служи нам, а не ние Нему.

Не станува збор само за исполнување на нашите молби и желби, туку ние многу често забораваме дека На Бог му служиме само ако го понесеме Крстот кој Тој го понел на Гол-го-тата.

НАРОДНИ ОБИЧАИ И ВЕРУВАЊА

Кај народот постои обичај луѓето на овој ден да се братимат и кумат, бидејќи Јован се смета за пример на чесност и карактер. Верниците, без разлика дали се православци или католици, честопати на своите деца им го даваат името Јован. Православците слават крсна слава за Свети Јован, а католиците обично слават именден.

Се проценува дека Свети Јован според бројот на домаќинства кои го слават како именден или домашна слава, е на трето место меѓу народите од Балканот. Најмногу се слават Свети Никола и Свети Архангел Михаил.

Јован крстител се смета за заштитник на пејачите, музичарите, кројачите, кожарите, крзнарите, волнарите, ременарите, гостилничарите, ножарите, брусачите, затво-рениците, осу-дениците на см-рт, одгледувачите на птици, заболените од епилепсија, на Малта, Јордан и други градови широм светот.

Свети Јован бил со таква морална чистота, што поскоро можел да се нарече анѓел, како што и го нарекува Светото Писмо, отколку за смртник. на Свети Јован верниците, по можност не земаат во рака н-ож, во знак на стра-дањето Јованово. Исто така, во некои места се верува дека на овој ден не треба да се прават тешки работи.

Ова е еден народен обичај и верување: на полноќ помеѓу Богојавление и Јованден се одбира едно јајце и се спушта во сад со вода, па доколку потоне, тоа би значело дека судниот ден е блиску. А доколку станува збор за слава, постои еден стар обичај на кој е интересно да се потсетиме.

Домаќинот на денот на славата е облечен во свечено одело, гологлав, ведар и расположен, ги дочекува гостите и цел ден не седнува додека свеќата гори. не седува од почит кон светителот кој тој ден го слави и кој е главен гостин во неговата куќа, и тој стои пред него како во црква на молитва.

Доколку домаќинот е на повозрасни години и физички не е во состојба да престои цел ден, по негово допуштение славата ја двори некој од помалдите мажи во семејството, син или внук. Тој воедно се грижи и за послужувањето и распоредот на гостите. Домаќинот на ист начин ги испраќа гостите, со желба догодина повторно да се видат во уште подобро здравје и расположение.