Пред нас е голем празник, Крстовден кој нашата православна црква и верниците го прославуваат двапати во текот на годината, 18 јануари и 27 септември.

Есенскиот Крстовден е поврзан со разни народни обичаи и верувања кои уште одамна се почитуваат.

Сигурно ви е позната старата изрека: „Секое село има свој обичај”, па така, обичаите поврзани за еден ист празник се разновидни, бидејќи секој во својот крај различно го почитува празникот.

Најважното правило за Крстовден кој и покрај обичаите, секој треба да го почитува – е секој возрасен човек да го помине во пост и молитва. За овој ден важи правилото на постот со масло. А еве и какви се обичаите што нашиот народ со векови ги почитува:

На Крстовден некои држат строг пост, на вода. Тоа е обичај кој повеќето го почитуваат, според правилото: „Кој со крст се крсти, тој Крстовден го пости”. Есенскиот Крстовден некои го постат така што по цел ден јадат само грозје и леб.

За луѓето што се родени на овој ден се верува дека на своите слаби плеќи ја носат сенката на Светиот крст и дека затоа пред Бога се посебно одговорни за своите постапки.

Според некои стари обичаи, на Крстовден треба да се исперат сите алишта и да се исчисти куќата. Исто така, стар обичај е на овој ден стоката да се премачка со катран во знак на крст, за да се заштити од болести.

Обичај е на Крстовден да се освети босилекот, света билка за која се верува дека ја униш-тува негативната енергија и ја чисти ду-шата, па во домовите многумина си чуваат босилек.

Осветениот босилек се чува во домот како еден вид енергетско исцелување.

Во текот на Крстовден се јаде грозје, како симбол на слатката победа, плодноста и бериќетот, а се верува дека ќе ве следи среќа и успех ако на овој ден се сладите во вкусот на ова овошје.

Според обичајот, важно е да ги вратите долговите или доколку имате вработени, да им исплатите плата. На овој начин, според верувањата се чистите од темната енергија и влегувате „чисти” во следната година.

Чу-десна молитва на чесниот крст – Еве како треба да се помолите на Крстовден. Со крстот победувај, со крстот Христов спасувај се! Молитвата е секогаш богатство од чисти емоции и искрени зборови!

Слава Тебе Господи! На Твојот Чесен Крст! Нека воскресне Бог и нека се разнебитат не-пријателите Негови, и нека б егаат од лицето Негово оние што го м разат.

Нека ис-чезнат како што ис-чезнува чадот, како што се т опи восокот во допир со огнот; така нека изги-нат ѓ аволите пред лицето на оние кои го љубат Бог и се осенуваат со крсниот знак, и кои радосно говорат:

Радувај се, пречесен и животворен крсте господов, кој ги прого-нуваш ѓ аволите со силата на рас-пнатиот на тебе Господ нашиот Исус Христос, кој се симна во пе-колот и ја сот-ре силата ѓа-волска, и кој нам ни те даруваше тебе, крстот свој чесен, за прого-нување на секој противник.

О, пречесен и животворен крсте господов, помагај ми секогаш со светата владетелка, Дева Марија Богородица и со сите светци засекогаш. Амин.