Зачестеното мокрење може да биде знак за уринарна инфекција, а причини за тоа има многу.
Секој од нас барем еднаш во животот имал некој проблем со мочниот меур: зачестено или болно мокрење, пецкање, болка и слично.
-На што упатува зачестеното мокрење? Дали тоа значи дека сме ја “настинале бешиката”?
Зачестеното мокрење може да биде знак на уринарна инфекција, кога освен честите нагони за мокрење се јавува и болка во дното на малата карлица, како и пецкање во мочната цевка.
Намалениот капацитет на мочниот меур после поедини воспалителни процеси (или после зрачна терапија), може да предизвика зачестени нагони за мокрење. Зачестените нагони исто така, може да бидат минлива состојба, предизвикана од зголемен внес на течности, или пак поради психичка напнатост или стрес.
Поедини лекови како што диуретиците и антихиперзивите може да доведат до зачестени нагони за мокрење. Шеќерната болест исто така, може да се манифестира со зачестена потреба за мокрење.
Со оглед на тоа што различни состојби и болести можар да дадат слична или иста клиничка слиника, неопходно да се оди на лекар и да се спроведат одредени дијагностички процедури.
-Дали навистина воспалението на бешика се добива на ладно, со влажни и студени стапала?
Воспаление на бешика може да се добие во било кое годишно време, но забележано е зачестена појава во текот на постудените периоди од годината, така што, да, можеме да кажеме дека ладното време придонесува за развој на уринатни инфекции.
-Како да ја разликуваме болката во бешиката од болка во јајници или мочните канали? Што кога освен болка чувствуваме и пецкање при мокрењето?
Болката која произлегува од мочниот меур, а предизвикана од уринарна инфекција, најчесто се јавува во долниот дел од стомакот, односно во проекција на малата карлица, под папокот и се проектира во средишната линија.
Најчесто се засилува со акутно мокрење, така што самиот крај на мокрењето предизвикува и најсилна болка. Пациентите често чувствуваат неугодност или пецкање и во мокрачната цевка, а повремено може да се јави крв во урината.
Болката во јајници се јавува од едната страна, во страничните квадранти на стомакот, а може да биде ппричинете и со одреден период од менструалниот циклус.
-Зошто се јавува отежнато мокрење, односно зошто бешиката не може веднаш да ја испушти урината иако нагонот за мокрење е силен?
Воспалението на мочниот меур предизвикува пречувствителност и спазам (стегнатост) на мускулот што доведува до зачестени нагони за мокрење на мали количини урина. Самата болка која се јавува исто така делува на стегање на мускулите, па поради тоа млазот е послаб, а нагоните за празнење на бешиката се чести.
-Дали жените се посклони на проблеми со бешиката и ако се, зошто?
Жените се поподложни на инфекции на бешиката, поради кратката мокрачна цевка низ која бактериите лесно преминуваат. Околу 10% од жените имаат вродено поголем број рецептори за кои бактериите поцврсто се врзуваат, па лекувањето кај овие лица е потешко и подолготрајно, а епизодите на повторувачки уринарни инфекции се почести.
Најчест причинител е ешерихија коли, бактерија која нормално се наоѓа во завршниот дел од дебелото црево, каде не предизвикува заболувања. Таа мигрира најпрво во перинеалната регија, а потоа ја населува ваги-ната, а оттаму низ мокрачната цевка бактериите влегуваат во мочниот меур каде предизвикуваат воспаление.
Недоволен внес на течности, пад на имунитетот, ладен период на годината, промена на сек*уалниот парнер, употреба на спе-рмицидни контрацептиви, одложување на мокрењето и слично, може да го олеснат развојот на уринарната инфекција. Од друга страна, присуството на камчиња во уринарниот систем, дијабетесот, бременоста, оперативните дијагностички процедури кои се изведуваат низ бешиката, може да доведат до развој на инфекција и да го отежнат нејзиното лекување.
Кај мажите, зголемената простата која ја притиска мокрачната цевка и доведува до неадекватно и непотполно измокрување, може да го олесни развојот на инфекција.
-Кои се последиците од нелекувана бешика?
Нелекуваната инфекција на бешика може да се прошири кон бубрезите и да доведе до пијелонефритис – воспаление кое се карактеризира со болка во слабинската регија и висока телесна температура, а се лекува најчесто со антибиотици и инјекции во болнички услови.
-Луѓето често одбираат да се лекуваат со чаеви наместо да одат на лекар. Дали постојат ситуации кога тоа е прифатливо?
Зголемениот внес на вода и топли напитоци го намалува ризикот од појава на уринарни инфекции и го олеснува лекувањето, бидејќи со честото мокрење и физички се елиминираат бактериите од уринарниот систем.
Топлината доведува до опуштање на мускулите на мочниот меур и со тоа се намалува болката. Исто така, препаратите на база на брусница можат доста да помогнат во лекувањето. Доколку симптомите на инфекцијата не поминуваат, секако треба да се обратите на лекар.
-Дали постои некое трајно решение за честите воспаленија на бешиката?
Секако, но лекувањето на уринарните инфекции мора да биде благовремено, со одговарачки лекови, доволно долго и со препорака на лекар. Денес постојат бројни медикаменти кои го спречуваат врзувањето на бактериите за слузокожата на мочниот меур, а постојат и вакцини кои го зголемуваат имунитетот и ја олеснуваат борбата против предизвикувачите на уринарните инфекции.
-Која е најдобрата превенција која ќе не заштити од воспаление на бешиката?
Доволен внес на течности од околу 1,5-2 литри на ден, одбегнување на ладни и газирани напитоци, неодложување на мокрењето, одбегнување на проми-скуитет, загревање на стапалата и јавување на лекарски преглед веднаш по појавување на првите симптоми.