УРДА И ГРИЗ! МАЛКУ ЛУЃЕ ЈА ЗНААТ ОВАА ТАЈНА! Многу вкусно јадење, сите се воодушевени…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
400 г несолена урда
2 супени лажици гриз
1 супена лажица скроб/нишесте/густин
1 прстофат сол
1 супена лажица шеќер
2 жолчки
3 супени лажици масло
ПОСТАПКА:
Сите состојки добро помешајте ги за да добиете компактна изедначена смеса. Покријте ја и оставете ја да отстои половина час.
Мекото тесто истресете го врз обилно набрашнета работна површина, обликувајте го во ролат и исечете го на парчиња со должина од приближно 4-5 см.
Со помош на вртење на чашата израмнете ги колачите за да се обликуваат совршени кругови (погледнете видео), но не е потребен овој чекор.
Можете да ги правите помали или поголеми, секако ќе излезат вкусни.
Пржете ги на малку масло, на умерена температура додека да заруменат од двете страни.
По желба наросете ги со шеќер во прав. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.