Со доаѓањето на сезоната на грипови неопходно е да се засили имунолошкиот систем за да може соодветно да одговори и да се одбрани од разните вируси кои лесно закалемуваат и бактерии.

Вирусите го напаѓаат организмот секојдневно и на различни начини, но нашиот имунитет ги препознава напаѓачите и ги неутрализира, а за тоа понекогаш не сме ни свесни.

фото: Илустрација

Затоа, многу е важно телото да го одржуваме здраво и имунолошкиот систем да го подигнеме на едно повисоко ниво, особено сега, со доаѓањето на зимата, кога ќе имаме сè помалку сончеви денови.

За вас денес приготвивме еден многу добар рецепт од народната медицина кој се покажал како одличен во борбата против грипот и другите настинки, а воедно го засилува имунитетот и прави да се чувствувате одлично.

Потребни состојки:

½ тегла сува ехинацеа (од билна аптека)
½ тегла суво нане
вотка

Постапка:

Ехинацеата одамна е предмет на многу научни истражувања поради своите имуностимулирачки својства, исто како и нането, кое исто така има лековито дејство и врз срцето и крвните садови.

Со сувите билки наполнете ја теглата, а потоа залијте со вотка да бидат прелиени. Ако немате вотка може да употребите и домашна ракија (вотката нема силен мирис). Добро затворете ја теглата и оставете ја на темно место при константна, собна температура. Повремено протресувајте ја теглата.

После седум дена процедете ја содржината и добро истискајте ги билките преку газа, па додадете една полна супена лажица мед и промешајте додека да се раствори.

Употреба:

Се пијат по 20-30 капки трипати дневно, половина час пред оброк. Се пие во текот на 2-3 седмици особено во период на епидемии со грип. Може да се користи 2-3 пати годишно. Ова е одлично средство за зајакнување на имунитетот.