Фото и рецепт: Родна Трпеска

Потребни состојки:

4 јајца

4 мали шолјички млеко

4 мали шолјички масло

4 мали шолјички гриз

1 свеж квасец

1 прашок за печиво

1 ванилин шеќер

2 лажици какао во прав

Брашно по потреба, околу 10 исти шолјички, зависно од брашното

Постапка:

Се меси убаво  средно тесто (да не е тврдо), па се дели на два дела.

Во едниот се става какаото и веднаш се работи. Јас правам мали топчиња колку еден поголем лешник и ги правам на ренде.

Се редат наизменично, во крст, едно бело, едно црно тесто и се виткат.

Веднаш се печат до посакуваната боја.

Кога ќе изладат јас ги ставам во фрижидер за длабоко замрзнување, а подоцна си вадам и ги полевам со шербет. Вакви малечки излегуваат 60 ежиња во плех, една мера – 120 ежиња. Ова е една мера.

Шербет на еден плех:

1 кг шеќер

800 мл вода

3 ванилин шеќер

Се вари 15 минути. Колачите ладни се полеваат со врел шербет. Кога ќе ги потурите, извалајте ги со рака од сите страни и покријте ги 10 минути. Ги отворате неколку пати, ги вртите за да впијат убаво од сите страни.