Сите жени знаат дека вратот ги издава нивните години. Но, дали може да се направи нешто и да се спречи предвременото стареење и збрчкување на вратот?
Првенствено, мора да се запамти следното правило: сите хранливи и тонизирачки маски кои ги нанесуваме на лицето, неопходно е да се нанесуваат и на вратот.
Ако вашиот врат започнал да поприма „гускин“ изглед на кожата, можете да го спречите и поправите овој недостиг со следната процедура:
1.Избришете го вратот со било кое растително масло, а потоа со памук натопен во вода и сол, започнете да го масирате вратот со кружни движења од брадата кон долу.
2.После масажата нанесете топла облога направена од кајмак и вода (1:1). Оставете да делува па исплакнете.
3.На крај, вратот намачкајте го со хранлив крем, и добро измасирајте го за да се впие кремот.
Доколку процесот на стареење на кожата на вратот отишол далеку и се наоѓа во многу лоша состојба, направете ја следната хранлива облога:
1.Сварете 1 поголем компир, излупете го и испасирајте го.
2.Измешајте го компирот со 1 жолчка, 1 лажичка мед и 1 лажичка кокосово масло.
3.На исечено парче ткаенина нанесете од оваа смеса и замотајте го вратот. Фиксирајте со пластична фолија или најлон ќеса, топла марама или шал.
4.Облогата нека делува 20 минути.
ГИМНАСТИКА ЗА ЈАКНЕЊЕ НА ВРАТНИТЕ МУСКУЛИ:
1.Движете ја главата внимателно од десно кон лево, па во спротивен правец.
2.Цврсто затворете ја устата, напнете се, неколку секунди цврсто притиснете го јазикот на непцето па опуштете се.
3.Седнете исправено, нагло свртете ја главата кон десно, па повторно право, па на лево.
4.Повлечете ја главата напред, повлечете го и вратот, но вертикално.
5.Седнете пред огледало, опуштете ги аглите на усните надолу, а притоа напрегнете ги вратните мускули. Ова се нарекува „лавја поза“.