Фото и рецепт: Ивана А. Зајковска

На сликата лебот е подготвен од половина доза.

Потребни состојки:

1 кг брашно

2 лажички сол

1 лажица шеќер

2 лажици маст (кравја)

1 квасец свеж(40 г)

околу 600 мл млака вода

Постапка:

Растворете го квасецот во млака вода, брашното просеано направете му кратер на средина. 

На средина на кратерот ставете го квасецот, маста, солта и шеќерот. Со додавање на вода замесете средно меко тесто кое е малку полепливо од обично тесто за леб.

Оставете го да стаса еден час или додека да го дуплира својот волумен. Размесете го на набрашнета работна маса формирајќи лепчиња со вашата омилена форма.

Фурната загрејта ја на 220 степени заедно со плехот во кој ќе го печете. Во загреаниот плех наросете мешавина од пченично и пченкарно брашно, па ставете ги лепчињата. 

Лепчињата премачкајте ги со млеко и наросете ги со истата мешавина, па расечете ги одозгора со остар нож..

Плехот вратете го во рерна, печете 10 минути на 220 потоа намалете ја рерната на 200 степени. 

Лебот откако ќе се испече оставете го уште петнаесеттина минути во рерна да се истишти. 

Потоа извадете го на крпа, но не го покривајте доколку сакате убава крцкава тенка кора.

Фото и рецепт: Ивана А. Зајковска