Турски колач АЈЛЕ на кој никој не може да му одолее…Брзо и лесно до совршен вкус…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 180-200 мл):
3 јајца
2/3 чаша шеќер
180 мл кисело млеко
50 мл масло
1 чаша брашно (наместо брашно може да се користи гриз)
12 г прашок за печиво
1 лажица какао во прав
кори за пита 10 листови
путер
калап 35х22 см
За сируп сварете:
2 чаши шеќер
2 чаши вода
сок од еден лимон
ПОСТАПКАТА опишана во детали можете да ја прочитате ОВДЕ:
ТУРСКИ СОЧЕН КОЛАЧ СО КАКАО – АЈЛЕ: Не седнувам кафе да пијам без овој колач
Сварете го сирупот 5-10 минути и оставете го да се олади. Во намастен плех наредете кори собрани како лепеза (хармоника) додека да се исполни целиот простор. Испечете ги 10-тина минути во загреана рерна на 200 степени.
Киселото млеко помешајте го со прашокот за печиво и оставете 10-тина минути. Во подлабок сад пенасто изматете ги јајцата со шеќерот додека да згуснат како крем, па додајте го киселото млеко, маслото и просеаното брашно помешано со какао.
Соединете со жица или шпатула, па смесата распоредете ја врз печените кори. Вратете во рерната загреана на 180 степени да се допече уште 25 минути и уште 5 минути во исклучена рерна.
Топлиот колач залијте го со ладниот сируп и откако ќе се олади на собна температура, оставете го 24 часа во фрижидер пред послужување. Постапката погледнете ја ОВДЕ: