Турска раванија со поинаков шербет…брз и сочен колач, се јаде со мерак…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (филџан за кафе – користете ист филџан за сите состојки)
2 јајца
1 филџан шеќер
1 филџан масло
2,5 филџан јогурт
3 филџан гриз
2 филџан брашно
1 кесичка прашок за печиво
1 кесичка ванила
кора од 1 лимон
За карамелизираниот шербет (чаша од 200 мл):
3 чаши шеќер
3 чаши вода
1 парче (тркалце) лимон
ПОСТАПКА:
1.Прво се приготвува шербетот: во тенџере сипете го шеќерот и загревајте го на умерена температура за да се растопи и карамелизира (на почетокот со протресување на тенџерето, а потоа и со промешување).
2.Кога шеќерот ќе се растопи, додајте 3 чаши вода и повремено мешајте за да се раствори карамелот. Во меѓувреме додајте 1 парче лимон.
Готовиот сируп тргнете го настрана да се лади.
3.Јајцата и шеќер изматете ги со жица за матење 2-3 минути.
Додајте масло, јогурт, ванила и кора од лимон и продолжете со матење.
4.Додајте брашно, гриз и прашок за печиво и матете додека да се измешаат состојките. Смесата истурете ја во намастен плех и израмнете го горниот дел.
5.Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени додека да зарумени.
Оставете да подизлади 20-тина минути, па избоцкајте го колачот со чепкалка за поубаво да го прими шербетот.
6.Полејте го колачот со изладениот шербет и оставете целосно да се впие и олади. Потоа сечете го и послужете. Постапката погледнете ја ОВДЕ.