Вкусни, однадвор крцкави, одвнатре меки и шупливи.
Потребни состојки:
500 г вода
400 г остро брашно
200 мл + 1 литар масло за јадење
6 јајца
1 ванилин шеќер
½ прашок за печење
Сол
За шербет:
1 литар вода
1 кг шеќер
1 ванилин шеќер
1 лимон исечкан на тркалца (по вкус, може и едно тркалце)
Постапка:
Ставете ги водата, 200 мл масло за јадење, еден ванилин шеќер и малку сол во тенџере на оган да зовријат.
Откако ќе зоврие, се трга тенџерето од огнот и веднаш се додава брашното во кое претходно имавме ставено половина кесичка прашок за печење.
Тоа се мати со маталки за тесто и се остава смесата да отстои додека да излади.
Откако тестото ќе се излади, повторно матиме и ги додаваме јајцата едно по едно.
Матиме додека смесата не се изедачи. Потоа го подготвуваме шербетот. Зовриваме 1 литар вода и 1 кг шеќер, го оставаме да врие 2 минути, го тргаме од огнот и потоа ја додаваме кесичката ванилин шеќер и парчето лимон.
Во тенџере на оган ставаме да се загрее 1 литар масло за јадење. Го полниме калапот (шприц) за тулумби со приготвената смеса, и ги истиснуваме во маслото за јадење да се пржат на тивок оган.
Пржените тулумби веднаш ги ставаме во шербетот, ги потопуваме, а потоа ги ставаме во поголема чинија. Постапката ја повторуваме со сите тулумби.
Исто така може и најпрво да се испржат тулумбите и потоа да се потопуваат една по една во врелиот шербет.
Крајниот резултат е околу 60 парчиња вкусни тулумби. Прсти да излижеш!
Добар апетит!
Извор: strumicasity