Иако цвеклото сигурно не зазема високо место на списокот од вашите омилени зеленчуци, сепак, треба да го јадете што почесто. А како и зошто, открива Мирјана Љутиќ, нутриционист. Цвеклото е полно со витамини и минерали, а има и антиканцерогена моќ, вели таа.




Варено или сирово

Иако за многумина цвеклото е највкусно кога е зготвено, во вид на салата, сепак, нема сомнеж, дека тоа е најздраво доколку не е термички обработено. Со термичка обработка подолга од 15 минути ги губи хранливите вредности, а нив ги има многу.

Покрај витаминот Ц, го содржи и реткиот витамин Б12, како и речиси сите минерали – калциум, калиум, натриум, фосфор, магнезиум, железо, флуор, манган, бакар, јод, сулфур…




Корен или лист

Сите сме навикнати да го јадеме само црвениот дел од цвеклото, т.е. коренот. Иако е најздрав, не треба да се занемарат ниту зелените листови. Содржат бета-каротен, калциум и железо, а може да се подготват како блитва или спанаќ, вели нутриционистот.




Некогаш се јаделе само листовите, а коренот поради можноста за чување се користел исклучиво како лек. Од листовите може да се виткаат дури и сарми, а може да се јадат или да се додаваат и во разни свежи салати. Голема штета е што денес ретко кој ги користи листовите на цвеклото во својхата исхрана.




Зошто сè се обојува во црвено

К рваво-црвената боја на цвеклото се добива од пигменти од групата фитонутриенти беталаин, антиоксиданси кои имаат антиинфламаторно и детоксикативно дејство, а целото растение има и антиканцерогена моќ.




Антивоспалителниот ефект на беталаинот спречува многу хронични болести, го штити срцето и кр-вните садови. Цвеклото е пресудно кога станува збор за лекување на анемија кај децата и младите бидејќи содржи висок процент на железо, како и фолна киселина која учествува во синтезата на црвените кр-вни зрнца. Цвеклото понекогаш може да ја обои урината и столицата во црвено, но тоа не треба да ве загрижува.




Смути за добро утро

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 сирово излупено цвекло, 1 сиров корен од целер, 1 морков, 1 чаша бадемово млеко, 2 лажички мелено ленено семе, 1 лажица хидрирано чиа семе (претходно натопено во вода и набубрено), 1 лажичка ванила по желба и вкус.




ПОДГОТОВКА: Цвеклото, јаболкото и морковот исечкајте ги на поголеми парчиња и лесно изблендирајте ги. Додајте ги сите останати состојки, па дополнително измешајте. По желба можете да додадете свеж сок од лимон или лимета. Пијте го полека, за да ја почувствувате секоја голтка. Сокот можете да го пиете наутро, како енергетски пијалак, час пред појадок или попладне, како ужина.




Дали е добро за диета

Цвеклото содржи доста шеќер, а сепак е нискокалоричен (45 kcal на 100 g корен). Шеќерот од цвеклото многу лесно се апсорбира од телото и од него добива сила и енергија. Луѓето кои се придржуваат до некоја peдукциска диета, може да го конcyмираат цвеклото во сирова форма без cтpав. Ќе ги снабдува со потребната енергија, а високата концентрација на влакна што ги поседува ќе го забрза празнењето на цревата.




Како ја разyбавува насмевката

Цвеклото ја спречува деминерализацијата на коските, но и на забите, па затоа е заслужно и за вашата yбава насмевка. Присуството на јод го прави драгоцен лек против атеросклероза и забрзано стаpeење.




Потврдено е дека фолната киселина, која ја има во изобилство во цвеклото, го поттикнува производството на хормони и други материи кои влијаат на нepвните импулси, на нашето мeнтално здравје и на чyвството на сpеќа и оптимизам.