Салатата од цвекло е најздрава, а најлесна за подготовка. Обично се послужува како рендана и зачинета со малку сол, оцет и масло, но овојпат испробајте и нови вкусови. Цвеклото е полно со витамини и минерали, а има многу малку калории и масти.

рецепт 1




Тоа исто така, содржи и неоргански нитрати и пигменти, кои и обата имаат бројни здравствени придобивки. Овој зеленчук исто така може да ја подобри снабденоста на организмот со кислород, издржливоста и перформансите од вежбањето. Пригответе салата од цвекло на неколку начини:

рецепт 2




РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 главици цвекло (420 г), 2 чешниња лук, 1/2 китка свеж магдонос, 30 г ореви, 60 г суви сливи, 1 супена лажица балсамико оцет, 2-3 супени лажици маслиново масло, прстофат црн пипер во прав, малку сол по вкус

РЕЦЕПТ 1 (на Анријана) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1.3 кг варено цвекло, 50 г кромид, 250 г кисела павлака, 100 г мајонез, 15 г бел оцет 9%, 20 г сол

рецепт 2




ПОСТАПКА: Главиците цвекло добро измијте ги, излупете ги и сварете ги. Кога ќе омекнат процедете ги од водата и оставете ги да се оладат, па изрендајте ги на средно крупно ренде. Во ренданото цвеклои додајте ситно сечкан свеж магдонос.




Потоа додајте две големи чешниња лук протнати низ преса или ситно исечкани/изрендани. Оревите истостирајте ги во сува тава колку да замирисаат, па ситно исечете ги врз даска или сомелете ги со неколку „пулса“ во блендер. По желба, може да додадете и повеќе ореви.




И уште една состојка која одлично си одговара со цвеклото, се сувите сливи. Ситно исечкјате 60 г суви сливи, но секако, по желба може да додадете и нешто повеќе. Најпосле зачинете ја салатата со две-три супени лажици маслиново масло (или какво имате).




Додајте и една супена лажица балсамико, но откако ќе ја дегустирате, по вкус може да додадете и повеќе. Исто така, може да користите јаболкова или винска киселина, или пак, лимонов сок. Потоа посолете, запиперете, па промешајте и послужете. Следи постапката за вториот рецепт:




ПОСТАПКА за рецепт 2: Цвеклото сварете го и исчистете го. Оставете да се олади, па изрендајте го или исечкјате го на тенки лентички со „супер сечко“. Кромидот исчистете го и исечкјате го на колку што можете поситни коцкички.




Во еден сад ставете мајонез, кисела павлака, оцет и сол. Добро соединете па додајте го ренданото цвекло и ситно исечканиот кромид. Промешајте и оставете салатата да се олади. Послужете како гарнир на главното јадење или како посебна салата. Деталите од првиот рецепт погледнете ги ОВДЕ.