ЦВЕЌЕТО ЌЕ БУИ КАКО ЛУДО: Само ставете 1 необична состојка во водата за полевање и ГЛЕДАЈТЕ МАГИЈА…
Големи, богати цветови и бујни темнозелени листови од растенија кои ги красат дворовите и терасите од пролет до есен бараат посебно внимание и грижа.
Покрај редовно наводнување и отстранување на обраснати ливчиња, потребно е и прихранување, како и употреба на препарати кои ќе ги заштитат растенијата од штетници, а тоа подразбира не само време, туку и дополнителни пари покрај она што веќе сте го инвестирале во билките.
За да заштедите пари, можете да ги прихраните цвеќињата и со природни средства, а со тоа да им обезбедите дополнителни минерали кои ќе го поттикнат нивниот раст и бујност.
Кора од банана, содржината на кесички чај или лушпи од кромид што ќе ги компостирате може да го подобрат квалитетот на почвата, но пивото разредено со вода ќе даде најдобри резултати.
Остатоците од пиво од шише или лименка истурете ги во некој сад или шише, додајте вода и добро протресете, а потоа со овој раствор наводнувајте ја градината и саксиските цвеќиња еднаш неделно. Еден литар обична вода е доволна за 10 милилитри пиво.
Пивото не мора да биде свежо – дури и пивото што е оставено неколку дена, исто така ќе биде корисно за цвеќето, благодарение на комплексот витамин Б и ферментираните материи што ги содржи.
Ова решение е особено корисно за мускатната калиопа и висечките петунии, кои доколку редовно ги прихранувате со ваков додаток, ќе бидат уште побујни.
Пивото одамна е познато како средство за зајакнување на листовите на растенијата во затворен простор. Истовремено им дава сјај и може да влијае на засилување на зелената боја.
Доволно е еднаш на десет дена да натопите памучна крпа во пиво и со неа да ги избришете листовите, објаснуваат агрономите. А ако сакате да дознатете што треба да направите за фикусот побрзо да порасне, прочитајте во продолжение:
ФИКУСОТ ЌЕ ВИ ПОРАСНЕ ДО ПЛАФОН: Прскајте го со оваа вода, па цвеќето ќе буи со здрави листови