Кога црниот дроб е полн со токcини, односно е замастен, тој не е во можност нормално да ги извршува своите функции. Луѓето не земаат во предвид дека чистиот и здрав црн дроб е веројатно најважниот фактор што одредува дали е можно губење на тежината или таквиот процес ќе биде запрен и нема да даде никакви резултати за подолг временски период.

Доколку сакате да ослабете, испробате го овој рецепт и помогнете полесно да се прочисти вашиот црниот дроб. Со консумирање на овој напиток и регулирање на исхраната, вие ќе го одморите црниот дроб и ќе му помогнете да се прочисти и подобро да функционира. Од неговата работа зависи целокупното здравје на нашиот организам, како и тоа, дали ќе ослабеме или не.

Како се користи:

Консумирајте го овој напиток 2 пати дневно во траење од двапати по 3 дена по ред (вкупно 6 дена). Избегнувајте тешки оброци во текот на овој третман. Јадете свежа здрава храна, за да го олесните детоксот на црниот дроб и да го интензивирате процесот на слабеење.

Потребни состојки: 3 лимони, 1 чаша сечкан магдонос (само листовите од магдонос), 5 стебленца целер (сечкани), 1,2 литри вода.

Постапка: во блендер сипете сок од 3 лимони, магдонос и целер, добро сомелете во изедначена смеса, а потоа додајте вода и повторно промешајте. Консумирајте 2 чаши на ден (наутро и навечер) на празен стомак, 2 часа пред јадење. Смесата добиена со овој рецептот може да ви трае приближно 3 дена. Чувајте ја во фрижидер.

Откако ќе ја испиете целата количина, направете нова смеса според истиот рецепт и испијте ја и неа во следните 3 дена на истиот начин. Откако ќе го испиете овој напиток 6 дена по ред, направете пауза од 7-10 дена, а потоа повторете го потполно истиот третман уште еднаш. Доколку имате некоја задравствена состојба, советувајте се со вашиот лекар.

Веднаш по првите три дена или 72 часа, црниот дроб треба да се прочисти и да почувствувате подобрување кое се огледа во зголемување на енергијата, разубавување на кожата, но и намалување на килограмите.

А, по целосниот третман, црниот дроб треба да работи „како нов“, односно без пречки да ги обавува сите негови функции. Ова е еден од најдобрите рецепти за споменатата цел, односно здрав црн дроб. Бидете здрави! Во продолжение прочитајте како се приготвува чајот од магдонос кој исто така, може многу да помогне:

На овој начин се пие чај од магдонос ако сакате да оcлабете: 5 дена се доволно

Сигурно сите сте слушнале дека чајот од магдонос може да помогне при намалување на масните наcлаги од стомакот и бyтовите, но дали знаете како правилно се приготвува и употребува?

pixabay.com

Чајот од магдонос е многу здрав и народната медицина го препорачува при лекување на воспалителни процеси на уринарните патишта, болести на бубрезите, но и за cлабеење. Некои нутриционисти не го препорачуваат на срцево болните, односно оние кои имаат тромбоза и оние со многу низок притисок. За сите други е одличен, но препорака е секој претходно да се советува со својот лекар или нутриционист.

pixabay.com

Оние кои го пробале велат дека неверојатно им помогнал, но дека сепак чајот не е магичен. Килогпамите ќе започнат да се намалуваат доколку се придржувате на следните правила:

Чајот е најдобро да се вари од свеж магдонос. Пијте во комбинација со лимонов сок (во чаша чај од магдонос додајте сок од половина лимон). Пијте го секојдневно во текот на 5 дена, а потоа направете пауза од 10 дена.

Во текот на овие пет дена додека го пиете чајот, потребно е да вежбате или да бидете повеќе физички активни. Пешачење или брзо одење во времетраење од половина час, ќе биде доволно.

Во текот на овој период, исто така, потребно е од исхраната да ги исфрлите слатките и солените намирници, индустриските преработки. Јадете свежа, готвена и чорбеста храна.

Потребно е да пиете доста вода покрај овој чај (околу 2-3 литри течност најмалку). Не смеете да јадете ништо после 18 (најдоцна 19) часот.

КАКО СЕ ПРИГОТВУВА ОВОЈ ЧАЈ?

Во врела зовриена вода (500-800 мл) додајте една полна рака ситно сечкан магдонос. Водата тргнете ја од оган, поклопете и оставете да излади. Процедете го, додајте лимонов сок и пијте го во текот на денот. Не смее да се засладува ниту со шеќер, ниту со мед. Во текот на денот треба да испиете половина литар од овој чај.