Кантата за ѓубре е предмет во домот кој не го сакаме, но секојдневно го употребуваме и неизбежен е во секој дом, особено во кујната. Иако не сакаме да ја допиpaме, сепак поради хигиенски причини мора редовно да ја чистиме и да ја менуваме кесата.

 




Откако ќе се извади кесата со ѓубре за да се фрли, мора да се стави нова кеса, а токму овој потег на многумина им е проблематичен, бидејќи не можат убаво да ја натокмат за таа да не паѓа, а сепак кантата да биде обложена со неа од сите страни.




Една корисничка на TикToк покажа како таа ги менува кесите на својата канта за ѓубре, а кога ќе погледнете колку тоа е едноставно и лесно, сигурно и вие ќе се воодушевите како што беа воодушевени милиoни коpиcници на оваа социјална мрежа.




Имено, таа со кесата ја обложува кантата, најпрво наопаку, како кога се става капа на глава, на пример. А дури потоа, откако ќе ја постави на рабовите од кантата, таа со буткање на раката, ја протнува внатре. На тој начин нема никаков контакт. Погледнете во видеото ОВДЕ. Исто така, може да научите и како се диплат џемпери на закачалка, со само едноставен и брз потег:




Интересен метод за диплење на џемперите, особено оние кои не ги носиме често. Доколку и вие припаѓате на оние кои џемперите и ролките сакаат да ги редат на закачалка, овој метод особено ќе ви користи. Ако овие џемпери не ги носите подолго време, неколку дена или недели, на нив ќе забележите не3годни испак-натини на рамењата.




Оние потеш-ките џемпери може да се случи и да се развлечат и да добијат изглед поради кој ќе мора повторно да ги исперете и да ги сушите, за да можете повторно да ги облечете, а сите знаеме колку се деликатни џемперите и колкаво време е потребно за да се исперат и исушат.




Една мајка која води TикToк профил со совети од домаќинството, покажа како да го за-качите џемперот а притоа да не го промени својот облик и да не се „3добие“ со такви испакнатини според обликот на закачалката.




Корисничката „МамаМила“ покажа како таа ги закачува џемперите, а за што многумина ќе помислат дека е невообичаен, но сепак делува и е ефикасен.

ЕВЕ ЗА ШТО СТАНУВА ЗБОР: Методот всушност е доста едноставен – но досетлив! Потребно е џемперот да го превиткате на половина по симетрија, така да едниот ракав убаво го поклопува другиот ракав.




Откако вака, симетрично ќе го здиплите џемперот, со страната од ролката поставете го зад закачалката, да виси надолу. Ракавите и долниот дел префлете ги преку страниците-краците на триаголникот од закачалката.




Потоа секој дел, и ракавите и оној долниот дел од џемперот, протнете ги преку рамката на триаголникот (оној кој обично служи за ставање на панталоните). Вака здиплениот-протнат џемпер на закачалката ќе го сочува својот првобитен изглед, бидејќи и тежи-ната му е рамномерно распоредена.




КОГА СМЕ ВЕЌЕ КАЈ ЏЕМПЕРИТЕ: За оние понеискусните, треба да знаат дека џемперите спаѓаат во деликатните алишта и нивното одржување бара посебно внимание. Така на пример, секогаш читајте ја етикетата каде што е означено дали смее да се пере машински и на која температура.

Џемперите обично се перат во ладна вода или максимално на 30 степени и без центрифуга. Доколку не сте сигурни во машинското перење, најдобро е рачно да ги исперете. Кога станува збор за сушењето, особено на теш-ките џемпери, експертите препорачуваат да се поставуваат во хоризонтална положба.

Во оваа положба исто така им се враќа првобитната форма, доколку при перењето ви се скycиле или издолжиле. Имено, потребно е повторно да се исперат за да бидат влажни, а потоа да се свиткаат во ролна заедно со пешкир додека да станат полувлажни. Потоа со помош на рацете истегнете го (ако бил скycен).