Трилече е колач кој изминативе години стана особено популарен, па од неговата оригинална верзија произлегоа „илјадници“ варијации на истата тема. Меѓутоа, откако ќе го пробате овој колач ќе се согласите дека е еден од најдобрите! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 чаша (125 г) брашно, 2 лажички прашок за пециво, 1/4 лажичка сол, 1/3 + 1 лажица (100 г) природен путер од кикирики, 3/4 чаша (150 г) шеќер, 4 јајца, одвоени белки и жолчки, 1 лажичка екстракт од ванила, 1/3 чаша (80 мл) млеко

За прелив: 7 oz (200 г) засладено кондензирано млеко, 3/4 чаша (180 мл) незасладено кондензирано млеко (или течна павлака), 1/3 чаша (80 мл) полномасно млеко

За глазура: 1¼ шолји (300 мл) слатка павлака/ крем за шлаг, 4 лажици шеќер во прав, 2-3 лажици путер од кикирики, 1 лажичка екстракт од ванила

ПОСТАПКА:

1. Направете го прво бисквитниот дел. Загрејте ја рерната на 340°F (170°C), обложете ја тавата од 9×13″ (23х33 cm) со хартија за печење, малку подмачкајте ја и оставете ја настрана.

2. Во поголем сад ставете 1/2 чаша (100 г) шеќер и одвоените жолчки. Матете додека смесата да добие светла боја и двојно поголем волумен, а шеќерот целосно да се растопи. Додајте путер од кикирики и матете додека да се соедини во густа смеса. Додајте млеко, екстракт од ванила и уште малку матете додека не се соедини.

3. Се просејува брашното, прашокот за печиво и солта. Мешајте бавно додека да се соедини (не мешајте премногу). Оставете ја оваа смеса настрана.

4. Во посебен сад изматете ги белките на голема брзина додека да се запенат, постепено додавајте 1/4 шолја шеќер (50 г) и изматете додека добиете „цврсти врвови“, односно снег кој непаѓа кога ќе се преврти садот.

5. Сипете 1/3 од белките во тестото и лесно промешајте за да се разреди, а потоа истурете го тестото во белките и нежно мешајте со бавни движења до целосно соединување. Истурете во подготвената тава/калап.

6. Печете околу 25 минути или додека чепкалката за заби вметната во центарот на колачот да излезе чиста. Извадете го колачот од тавата и оставете го да се излади на решетка. Додека колачот се лади, направете сируп „трес лечес“ од трите вида млеко.

7. Направете го сирупот: во сад сипете ги трите млека и промешајте. 8. Ставете го колачот назад во тавата, а потоа со виљушка или чепкалка за заби и густо избоцкајте го за поубаво да го впие млекото. Полека истурете го преливот „Tres Leches“ врз колачот и оставете го настрана додека го впива. Оставете го колачот најмалку 1 час, или преку ноќ.

9. Направете ја глазурата: во поголем сад ставете путер од кикирики, шеќер и екстракт од ванила. Изматете додека да се изедначи. Додајте густа течна павлака и изматете додека да добиете цврст крем. Рамномерно распоредете врз колачот и израмнете.

10. Ставете го во фрижидер најмалку еден час пред послужување. 11. Исечете ги рабовите (по избор), а потоа исечете коцки и послужете. На здравје сладење! Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.

За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Го барав овој рецепт цела година – оригинално ТРИЛЕЧЕ: Колач кој се топи во уста, нема повкусен“ – ОВДЕ.

Го барав овој рецепт цела година – оригинално ТРИЛЕЧЕ: Колач кој се топи во уста, нема повкусен