Фото и рецепт: Марина Станојевиќ

За сите љубители на прелиените и сочни колачи – познатата ориентална слатка, со нов, плазма вкус.

Потребни состојки:

6 јајца
150 г шеќер
150 г мелени плазма кекси
100 г брашно
1 прашок за печиво

За преливање:

250 мл слатка павлака (незасладена, млечна)
250 мл млеко (полномасно)
150 мл засладено кондензирано млеко

За карамел:

150 г млечни карамел бонбони
150 мл слатка павлака (незасладена, млечна)
150 мл засладено кондензирано млеко

Постапка:

Јајцата пенасто изматете ги со постепено додавање на шеќерот. Потоа додадете ги мелените бисквити и брашното помешано со прашок за печиво, па соединете со лажица.

Приготвената смеса распоредете ја во намастен и набрашнет плех 20х33 см, израмнете и печете во загреана рерна на 180 степени, околу 25-30 минути.

За прелив: Измешајте слатка павлака, млеко и кондензирано млеко, па со ладна мешавина прелијте го врелиот бисквит. Оставете да излади.

За карамел: Млечните карамел бонбони растопете ги во загреано млеко, додадете кондензирано млеко, па убаво промешајте. Кога преливот ќе излади, нанесете го карамелот, а потоа целиот колач добро изладете го во фрижидер, па уживајте во него.

Повеќе плазма колачи на: Marinastaste.com