Овој рецепт за трилече на повеќе начини ни го претстави нашата драга пријателка, почитуваната Рената Трајчевска. Таа е многу креативна со смисла за естетика и добар вкус. НМД и нашите читатели можат да уживаат во нејзините прекрасни рецепти, најчесто од италијанската кујна, но и во прекрасните фотографии од приготвените специјалитети.

Фото и рецепт: Рената Трајчевска

Потребни состојки за пандишпан:

6 јајца
300 грама шеќер
2 ванилин шеќер
300 грама брашно
1 прашок за печиво

потребни состојки за прелив од млеко:

1 литар млеко со висока масленост
1 литар слатка хопла нематена
250 мл кондензирано млеко со висока масленост (8%-10%масленост)

за премачкување:

карамела (Фарситура карамела на Ким Неготино)

Подготовка:

Изматете ги белките во цврст снег, додавајте ги жолчките, една по една, и продолжете да матите се додека смесата убаво да се изедначи.

Додадете го брашното заедно со прашокот за печиво, измешајте рачно со жица.

Смесата истурете ја во плех од рерна обложен со масна хартија за печење. Печете на 200 степени во првите 10 минути, а потоа уште 20-тина минути на 180 степени.

Откако ќе го извадите од рерна, отстранете му ја хартијата и во плехот истурете ја хоплата и кондензираното млеко со висока масленост.

Во меѓувреме избоцкајте го со чепкалки целиот пандишпан. Млакиот пандишпан, превртен наопаку, вратете го во садот и врз него со црпалка потурете од млекото со висока масленост што претходно сте го загреале.

На крај целиот колач премачкајте го со готов карамел. Покријте го садот и оставете го во фрижидер за да впие неколку часа или најдобро цела ноќ.
Пред употреба исечете го на коцки!
Добар апетит!

ВТОР РЕЦЕПТ

Потребни состојки за паднишпан:

2 чаши брашно
1 и 1/4 чаша шеќер
6 јајца
2 ванили
1 прашок за печиво

Млечен прелив:

1 литар млеко
500 мл слатка павлака
150-200 г кондензирано млеко

За глазура: готов карамел

Постапка:

1. Во два посебни садови се разделуваат белките од жолчките.
2. Жолчките заедно со 1/2 од шеќерот и 1 ванила убаво се матат, исто така и белките се матат со останатата 1/2 од шеќерот и другиот ванилин шеќер. Двете смеси внимателно се соединуваат.

4. Во друг сад настрана се меша брашното со прашокот за печиво и постепено со лажица се додава во смесата со јајцата. Смесата убаво се меша со дрвена лажица и се става во тава за печење.

5. Се пече 10 минути во претходно загреана рерна на 200 степени, а потоа се намалува температурата на 170 степени и се пече уште 20 минути. Откако ќе биде готов пандишпанот се остава малку да се излади, потоа со чепкалка за заби се надупчува.

6. Сите три видови млека убаво се мешаат во длабок сад додека да се изедначи смесата, се мешаат со лажица, не се матат со миксер.
Еден мал дел од добиениот прелив се истура во тавата во која претходно се печеше пандишпанот. Потоа во тавата се става изладениот пандишпан и одозгора се прелива со останатиот прелив.

7.Се остава неколку часа пандишпанот убаво да ја впие течноста и за крај вкусниот колач се премачкува со готов карамел.
Чашата со која мерам собира 200 мл.

Фото и рецепт: Рената Трајчевска