Тегнетата влашка пита со спанаќ и сирење не би била толку вкусна, да не е газираната вода, која многу го менува самото тесто и вкусот на целата пита. Тестото станува толку еластично и меко, што нема да ви се верува со свои очи дека вие сте го подготвиле ова чyдо од вкус. Газираната вода во оваа пита игра голема улога, како да сте додале некоја магична состојка.




„Денес ќе направиме една многу вкусна пита, на поразличен начин. Се надевам дека многу ќе ви се допадне и ќе ја споделите со вашите пријатели и најблиски. Можете да ја подготвувате за претстојните слави и празници, лесно се подготвува“, вели Валентина Машковиќ. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 мл вода, 100 мл масло, 1 јајце, 1 лажичка сол, 4 чаши од 200 мл брашно или 500 г, 1 кесичка прашок за печиво. ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ: 250 г кисело млеко или цврст јогурт, 2 јајца, 100 мл масло. ЗА ФИЛОТ: сирење и спанаќ, 150 мл минерална вода, 1-2 жолчки за премачкување на тестото.




ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад ставете 1 чаша обична вода, додајте 100 мл масло, па скршете 1 јајце и додајте 1 лажичка сол. Измешајте ги состојките со жица/маталка, па потоа започнете да ги додавате сувите состојки. Низ сито, просејте го брашното, заедно со прашокот за печиво.




Измешајте ги состојките, додека да почнат да се соединуваат. Треба да добиете тесто кое ќе биде средно накај меко. Подготвеното тесто, веднаш префрлете го на набрашнета работна површина и домесете го уште малку, додека да престане да се лепи. Додавајте брашно по потреба, но не премногу, за да остане меко.




Вака подготвеното тесто покријте го со кеса или проѕирна фолија и оставете да отстои 5-10 минути. За тоа време, подгответе ја смесата за премачкување на корите. ЗА СМЕСАТА ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ: Во еден сад ставете го киселото млеко или некој погуст јогурт. Додајте 2 јајца, 80 мл масло и 1 лажичка сол. Измешајте ги состојките со жица додека да се соединат.




ЗА ФИЛОТ: Можете да користите само сирење или да измешајте спанаќ со сирење, како ви е поубаво и повкусно. Спанаќот измијте го добро, оставете да се исцеди, па во него додајте го сирењето и убаво соединете го. Преминете на подготовка на тестото, кое веќе одморило претходно.




Тестото малку размесете го и поделете го на два еднакви делови кои ќе ги премесите во подебели валјаци. Секој дел поделете го на 5 еднакви делови, така што ќе добиете вкупно 10. Сите делови од тестото формирајте ги во круг (треба да бидат приближно иста големина), покријте ги под кесата или проѕирната фолија и оставете да отстојат уште 5-10 минути.

Потоа, секое топче развлечете го во потенка кора, со помош на оклагија, колку потенко можете. Овие теста се многу растегливи, така што лесно се развлекуваат. Како што објасни Валентина, корите не мора да бидат преголеми и важно е да не ви лепат, така што додавајте си брашно по потреба.

Врз развлечената кора наросете пченкарен скроб и потоа навиткајте ја питата на оклагијата, па згужвајте го тестото и извлечете го од оклагијата (како што е прикажано на сликата и видеото подолу). Потоа повторно развлечете го тестото, додека малку да се отвори и целата кора премачкајте ја со смесата за премачкување, особено обратете внимание да ги премачкате краевите, да не бидат суви.

Земете од филот кој го подготвивте и наредете по целата должина на кората. Потоа, започнете да ја виткате питата од едниот кон другиот, подолг крај, така што крајниот резултат повторно ќе изгледа како гужвана сусамка. На истиот начин подгответе ги сите теста.

Наредете ги печивата во еден кружен плех, претходно премачкан со масло или обложен со хартија за печење. По желба питичките може да ги завиткате како полжав, во форма на круг. Наредете ги питичките во тепсијата, да изгледа како погача.

Измерете ја потребната количина газирана вода и прелијте преку питичките кои веднаш ќе ја апсорбираат водата. Измешајте 2 жолчки со 1-2 лажици млеко и премачкајте ги питичките одозгора. Рерната загрејте ја на 200 степени, па кога ќе се загрее, намалете ја температурата на 180 степени.

Ставете ја питата да се пече и печете околу 40-тина минути. За да не ви загори коричката одозгора, покријте ја тепсијата со алу-фолија за време на печењето. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.