ТРИК НА ИСКУСНИТЕ ДОМАЌИНКИ: Еве како да не ви испукаат јајцата за време на готвење. Внимавајте да не ги варите јајцата веднаш штом се извадени од фрижидерот. Студените јајца, всушност, пукаат многу лесно кога се готват.
Значи, пред да започнете да ги готвите, извадете ги од фрижидер и оставете ги да отстојат неколку часа на собна температура. Ова правило важи и кога се подготвува тесто.
Кога ги ставате во тенџере за готвење, внимавајте да нема премногу јајца во тенџерето. Ако готвите повеќе јајца, најдобро е да ги разделите во две или повеќе тенџериња.
Доколку ги ставите да се варат во едно тенџере, поголема е шансата да се судрат за време на готвењето, а тоа исто така може да доведе до пукање. Потребно е да има доволно простор меѓу нив. Ставете ги во садот многу бавно и нежно за да не пукнат при удирање на дното на садот.
Јајцата што ќе ги ставите во садот треба да ги прелиете со ладна вода. Внимавајте да ставите најмалку 2 цм вода над јајцата. Водата истурајте ја полека. Потоа додајте половина лажичка оцет во водата и додајте сол, водата да биде доволно солена.
Оцетот е особено важен за спречување на формирање на пукнатини на лушпата од јајцето. Вклучете ја ринглата на средна топлина и почекајте да зоврие водата, потоа намалете го огнот и варете на тивок оган додека јајцето да се свари.
За жал, не постои гаранција дека ниту едно јајце никогаш нема да се скрши. Исто така, зависи од видот на јајце што сте го купиле. Меѓутоа, ако се држите до овие методи, шансите за успех драстично се зголемуваат.
СООДВЕТНА ЗАМЕНА ЗА ЈАЈЦЕ. Не е важно дали сте веган или едноставно ги избегнувате јајцата од разни причини (најчесто алергија или интолерантност на млечни производи), тука ќе најдете како може да ги замените, а јадењето сепак да излезе вкусно.
Сепак во некои рецепти би било тешко да се заменат, но не е невозможно. Некоја замена сепак може да го промени вкусот, во зависност од тоа што готвите, но ние ќе ви претставиме неколку, а вие самите одлучете која замена најдобро би одговарала за вашиот оброк.
ОСНОВНИ ЗАМЕНИ. 1 јајце може да замени една помала или поголема банана. 1 јајце може да замени 2 полни супени лажици компиров скроб. 1 јајце е исто така еднакво на 28 г пире од јаболка. 1 јајце е еднакво на 1 супена лажица брашно од соја со 1 лажица вода.
1 јајце може да замени 1 лажица мелено ленено семе и 2 – 3 лажици топла вода. 1 јајце е исто така еднакво на 1 лажица оцет во 100 мл вода. 1 јајце е еднакво на 50 мл овошно пире и половина лажичка прашок за печиво.
ЗА СОЛЕНИ ЈАДЕЊА. Ако правите мусака, ќофте, плескавици, печива или некои предјадења во кои се содржи јајце, во овие јадења можете истото да го замените со пченкарен или компиров скроб, интегрално брашно, лебни трошки, компир пире или компир пире во снегулки / прав. Две до три лажици од наведените состојки може да заменат едно јајце.
КАКО СЕ УПОТРЕБУВА ЛЕНЕНОТО СЕМЕ. Ако имате мелено ленено семе и него можете да го искористите како замена. Промешајте 1 лажица мелено ленено семе со 3 лажици топла вода. Оставете да отстои 10 минути, а потоа додајте ја смесата во рецептот наместо јајце.