Ако сакате да ослабете со војнички режим, постои една диета која дава одлични резултати. Позната е уште и како војничка исхрана, а дали називот потекнува од строгоста на диетата или затоа што ја применувале војниците – не е познато, но она што е познато е дека резултатите се вчудоневидувачки.

КОМПЛЕТЕН ВОДИЧ ЗА ВОЈНИЧКАТА ДИЕТА ОД ТРИ ДЕНА

1 ДЕН:

Појадок: едно парче тостиран леб, 2 лажички путер од кикирики, ½ грејпфрут, 1 шолја кафе или чај со кофеин, без шеќер.
Ручек: 1 шолја кафе или чај со кофеин, без шеќер; ½ туна од конзерва, 1 парче тостиран леб.
Вечера: малку месо, 1 јаболко, ½ банана, 1 топка сладолед од ванила.

2 ДЕН:

Појадок: едно парче тостиран леб, 1 јајце, ½ банана.
Ручек: 1 тврдоварено јајце, 1 шолја несолено сирење, 5 крекери.
Вечера: 2 пилешки виршли (или пилешко месо) без леб, со малку сенф и кечап, ½ шолја рендан морков, 1 шолја брокула, ½ банана, 1 топка сладолед од ванила.

3 ДЕН:

Појадок: 1 парче младо сирење, 1 јаболко, 5 крекери.
Ручек: 1 парче тостиран леб, 1 варено јајце.
Вечера: ½ туна од конзерва, ½ банана, 1 топка сладолед од ванила.

Оваа диета мора строго да се следи според наведените правилата и има многу малку отстапки како што се: замена на овошјето со некое друго слично или замена на месото со леќа.

Сите останати намирници и нивниот редослед за консумирање мора строго да се почитува. Состојките што се наведени во оваа диета се евтини, достапни и времето за приготвување е многу кратко, така што за оваа диета е потребно само силна волја.

Напомена: како и за сите диети, така и за оваа важи правилото: пред примена посоветувајте се со вашиот лекар.