ТРИБЕТ – Конкрурент на ТРИЛЕЧЕ, со помалку состојки и многу побрз…КОЛАЧ ЗА СЕКОЈ ДЕН…Денеска подготвивме вкусен рецепт за десерт кој е богат со млеко, мек како сунѓер, има вкус на трилече и преливот не треба да се вари.

Трибет лесно се запамтува, зашто сè е по три. Големината на калапот кој го употребивме е 22 x 22 cm, а вие користете некој што го имате со слична големина. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 јајца на собна температура
3 супени лажици шеќер
3 супени лажици млеко
3 лажици масло
3 лажици гриз
3 лажици (до врв) брашно
1 кесичка прашок за печиво
1 кесичка ванилин шеќер

За прелив:
2 чаши ладно млеко (400 мл)
1/2 чаша шеќер (или по вкус)
кокос за посипување

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад пенасто изматете ги јајцата со шеќерот додека да станат кремасти, 4-5 минути.

2.Потоа додајте млеко, масло, и гриз, па изматете кратко. Потоа додајте брашно, прашок за печиво и ванилин шеќер, па повторно изматете кратко.

3.Тестото излејте го во подготвенот калап (22х22 см) претходно намастен. Потчукнете го калапот и ставете го во загреана рерна на 180 степени со вентилатор, 20 минути. Печењето прилагодете според вашата рерна.

4.За прелив: измешајте го млекото со шеќерот. Мешајте додека да се растопи.

5.Печениот колач оставете го да отстои 3-4 минути надвор од рерната, па залијте го со ладниот прелив.

6.Брзо го впива, па одозгора посипете кокос или по желба. Оставете да се олади 1-2 часа па послужете го. Постапката погледнете ја ОВДЕ.