ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
500 г готови кори за пита
1 кисела павлака
4 јајца
1 чаша (од јогурт) масло
500 г сирење
сол по потреба
ПОСТАПКА:
Изматете го сирењето и 2 јајца. Посолете по потреба.
Направете го филот со кој ќе ги премачкуваме корите. Се прави така што матиме заедно кисела павлака или јогурт, 2 јајца и една чаша од јогурт масло. Малку посолете.
Корите пресечете ги со нож на средина, за да добиете помали кори.
Земете по една кора, намачкајте по цела површина со филот, преклопете еден дел, и уште еднаш, да добиете кора со должина од околу 25 см и ширина 8 см.
На едниот крај од аголот ставете сирење, преклопете за да добиете триаголник.
Правете вакви триаголничиња додека да ви се потроши сирењето, а ако ви остане ставете го одозгора врз триаголниците. Печете ги 10-15 минути на 200 степени.