ТРИ НАЈВКУСНИ ПОСНИ ПИТИ ОД ГОТОВИ КОРИ: Не знаете која е подобра, лесно и брзо се прават, ОДЛИЧЕН ПОСЕН РУЧЕК… Доколку сакате пити, ви ги откриваме рецептите на Валентина за три посни пити кои можат да бидат совршен предлог за ручек.
Состојки за пита со компири:
500 г кора за пита
1 кг компири рендани
6-7 главици кромид, ситно исечкан
масло, сол, црн пипер
Кромидот посолете го и истријте го со рака за да омекне, па додајте го во ренданиот компир. Запиперете и сипете малку масло.
Корите се прскаат/мачкаат со мешавина од масло и газирана вода. Премачкјате две кори една врз друга. Филувајте, виткајте како ролатчиња или по желба и редете во намастен и обложен со хартија плех од рерна.
Одозгора премачкјате ги со мешавината од масло и газирана вода. Печете во загреана рерна на 200 степени приближно половина час.
Состојки за пита со кисела зелка:
500 г кора за пита
1 кг кисела зелка ситно исечкана
масло, црн пипер
Ситно сечканата зелка издинстајте ја на малку масло и зачинете ја со црн пипер, па оставете настрана да се лади.
Корите се прскаат/мачкаат со мешавина од масло и газирана вода. Премачкјате две кори една врз друга, па распоредете фил и свиткајте во ролат, па како полжав. Печете во загреана рерна на 200 степени приближно половина час.
Состојки за манастирска пита:
500 г кора за пита
2-3 страка праз ситно исечкани
2 црвени пиперки
2 лути пиперки
500 г шампињони печурки
300 г соја трошки, обарени и исцедени
масло, сол, црн пипер, оригано
Празот издинстајте го на малку масло, па додајте ситно сечкани пиперки и пржете додека да омекне. Пред крајот додајте ги сечканите пиперки и динстајте додека сето убаво се испржи и испари вишокот течност.
Додајте ја сојата и промешајте, зачинете со црн пипер, сол и оригано. Оставете настрана да се лади. Оваа пита можете да ја диплите во триаголници или по ваш избор. Ако се тенки редете по две кори, а ако се подебели, по една.
Корите за сите три пити се прскаат/мачкаат со мешавина од масло и газирана вода. Филувајте, виткајте и печете. Печете во загреана рерна на 200 степени приближно половина час. Постапката погледнете ја во видеото ТУКА.