Трагајќи по совршени мафини го пронајдов овој рецепт…Сочни, меки и вкусни остануваат и следниот ден…

Можам да ви потврдам дека ова е еден од најдобрите рецепти за мафини. Постојат многу варијанти за подготовка на мафини, од вегански, до солени и благи.

Благите може да ги правите овошни или чоколадни, а понекогаш може да ги комбинирате чоколадните со малини или со некое друго овошје.

Овој рецепт толку многу ме воодушеви и веднаш штом го најдов, си го запишав во моето тефтерче со рецепти. Оттогаш си ги правам редовно, а сите што ги пробале, едноставно ги обожаваат.

Потребни ви се само неколку состојки и за помалку од 30 минути ќе бидат готови. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 јајца, прстофат сол,
8 г ванилин шеќер (1 кесичка),
150 г шеќер,
80 мл масло,
170 мл млеко,
50 г пченкарен скроб/нишесте,
200 г брашно,
2 супени лажици какао без шеќер,
8 г прашок за печиво (1 кесичка),
рендано чоколадо или чоколадни топчиња.

ПОСТАПКАТА опишана во детали можете да ја прочитате ОВДЕ:

ШАРЕНИ ЧОКОЛАДНИ МАФИНИ…Излегуваат меки и сочни, смесата е готова за 5 минути, а потоа се печат уште 20

Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.