Ова е традиционално макало од нашето поднебје, а ретко може да се најде и во некој од рестораните.​

Потребни состојки:

1 главица лук

½ мала лажичка сол

3 супени лажици масло

3 супени лажици топла вода

200 мл ладна вода

2 лажици киселина

2-3 лути пиперчиња (сирови или печени)

Постапка:

Исчистеното лукче се посолува и се толчи во аван се додека да се претвори во каша. Потоа се додава лажица по лажица масло, а притоа постојано се толчи со дрвениот толчник.

Се додава топла вода, се промешува и се добива белузлава течност. Се додава ладната вода и оцетот. На крајот се додаваат сечканите лути пиперчиња.

Количините се произволни.