Традиционална пита која се излева и пече, а подготовката трае 5 минути! Вкусна и заситна…Потсетете на овој стар рецепт кој го приготвуваа и нашите баби, па направете вкусна пита за појадок или вечера. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 јајца, 1 лажица сол, 1 чаша кисела павлака (200 мл), 3-4 супени лажици масло за готвење, 1 литар ладно млеко, 3 чсши брашно (300-330 г), тепсија 38 см, се пече 25-30 минути на 250 степени
ПОСТАПКА: Во подлабок сад скршете ги јајцата и изматете ги со лажичка сол (или по вкус). Додајте ја киселата павлака и повторно рачно изматете додека да се изедначи.
Потоа додајте неколку лажици масло и еден литар млеко. Повторно промешајте за да се изедначи. Започнете со постепено додавање на брашното. Најпрво сипете две или две и пол чаши брашно, па остатокот додајте го постепено.
Матете со рачна маталка (или со миксер ако ви е полесно) додека да се изедначи смесата и да нема грутчиња. По конзистенција треба да личи на тестото за палачинки или како течен јогурт.
Оставете ја смесата настрана да отстои малку додека се загрева рерната на 250 степени. Тепсијата добро намастете ја со путер или маргарин, па сипете ја во неа целата смеса. печете 25-30 минути.
За време на печењето питата ќе се подигне и ќе се подуе како балон од јајцата. Затоа не смее да отвора вратата од рерната првите 20 минути. Кога убаво ќе зарумени, извадете ја, оставете малку да подизлади, па послужете ја.
Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „ЈАЈЦА И МЛЕКО: Вторпат го правам, чекаме да се олади – толку многу е вкусно, не можам да опишам“ – ОВДЕ.
ЈАЈЦА И МЛЕКО: Вторпат го правам, чекаме да се олади – толку многу е вкусно, не можам да опишам