ТОРТА ЗА 5 МИНУТИ…Ќе ја правите секој ден…Едноставна и вкусна НАПОЛЕОН ТОРТА…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 јајца
180 г шеќер
70 г брашно
600 мл млеко
180 г путер
200 г бисквити

ПОСТАПКА:

1.Со жица изматете ги јајцата и шеќерот. Додајте брашно и малку по малку додајте го млекото. Изедначете за да нема грутчиња. Ставете на умерен оган и варете со непрекинато мешање додека да згусне.

2.Сварениот крем претурете го во друг сад, прекријте го со проѕирна фолија и оставете го да се олади до собна температура.

3.Пенасто изматете го путерот кој претходно омекнал на собна температура, па постепено додавајте го оладениот крем и содинете со миксер.

4.Во помал калап (25х15 см) на дното наредете бисквити. Одозгора распоредете фил и израмнете. Вкупно наредете 5 реда бисквити и 5 слоја фил.

5.Тортата прекријте ја со фолија и оставете ја во фрижидер 5 часа. Потоа декорирајте ја со бисквитни трошки или по ваша желба. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/mRLS39F6CKU?si=95z1PqsswdF5j5RR