Home Торта Торта за 15 минути… „Чоколадно лудило“…Рецепт кој сите го препишуваат…

Торта за 15 минути… „Чоколадно лудило“…Рецепт кој сите го препишуваат…

Торта за 15 минути… „Чоколадно лудило“…Рецепт кој сите го препишуваат…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 јајца
1 прстофат сол
8 г ванилин шеќер
150 г шеќер
120 мл масло
150 мл млеко
230 г брашно
20 г какао во прав
15 г прашок за печиво

За натопување помешајте:
100 мл млеко
1 лажица инстант кафе
1 лажичка какао

За глазура:
60 г шеќер
25 г скроб/нишесте/густин
20 г какао
250 мл млеко
100 г црно чоколадо
30 г путер

ПОСТАПКА:

1.Изматете ги јајцата со шеќер, ванила и прстофат сол, па додајте масло и млеко, а потоа брашно, какао и прашок за печиво. Изедначете и смесата сипете ја во намастен и набрашнет помал калап. Печете 30 минути во загреана рерна на 180 степени.

2.Печениот и оладен колач залијте го со мешавината од млеко, кафе и какао.

3.Во тенџере сипете шеќер, скроб, какао и млеко. Варете на умерен оган додека да почне да згуснува. Тргнете настрана и додајте чоколадо и путер.

4.Кремот сипете го врз колачот, израмнете и ставете во фрижидер да се олади и стегне. Декорирајте со чоколадни трошки. Постапката погледнете ја ОВДЕ.