Потребни состојки:
250 г мелени бисквити
200 г мелени ореви или пченични никулци
1 литар и 250 мл млеко
5 кесички шлаг
4 кесички инстант сладолед од ванила
4 кесички инстант сладолед од чоколадо
Тортата се приготвува само со миксер, нема потреба од печење ниту готвење.
Постапка:
(На две места поделете го млекото по 400 мл, во секое за матење на сладоледите, а на трето место ставете околу 450 мл во кои се матат 5 кесички шлаг, па потоа се додаваат мелените бисквити и ореви.)
За кора: пенасто се матат 5 шлага во 450 мл млеко. Потоа со лажица се додаваат мелените бисквити и ореви, се меша добро и се добива густа леплива смеса од која се формира кората.
Смесата се истура врз пластична тацна или соодветна површина, се формира со помош на раце и лажица во правоаголник и се остава 10-тина минути во фрижидер да се стегне.
За тоа време во посебни садови се матат сладоледите од ванила и чоколадо. За секое ви се потребни по 4 кеси инстант сладолед и околу 400 мл млеко.
Врз кората прво се нанесува чоколадниот сладолед, се израмнува, а потоа и сладоледот од ванила. Одозгора се наросува со шарени трошки или по ваш вкус.
Доволни се само уште 10-тина минути во фрижидер да излади, па тортата може да се сече.
Ова е најбрзата торта која можете да ја приготвите за ненајавени гости.