ТОРТА СО ОРЕВИ, ПЛАЗМА И ЧОКОЛАДО…За секакви пригоди…Кралица на сите торти…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

Потребно за 1. кора:
4 белки
7 лажици шеќер
6 лажици мелени ореви
6 лажици мелена плазма
(потребни ви се вкупно 3 кори, па повторете го овој процес на правење кора 3 пати)

Потребно за фил 1:
12 жолчки
250 г шеќер
5 лажици брашно
750-800 мл млеко

Заввршен фил 2:
претходно подготвениот крем
250 г путер
150 г шеќер
100 г бело млечно чоколадо, рендано или ситно сечкано
100 г млечна ноисета чоколада, -//-
150 г ситно сечкани ореви
150 г мелена плазма

ПОСТАПКА:

Загрејте ја рерната на 170 Целзиусови степени. Одделете ги белките од жолчките. Изматете ги белките со шеќерот додека да добиете цврст снег. Во изматениот шам додајте 7 лажици плазма бисквити и 7 лажици мелени ореви.

Сипете во подготвен калап за торти и печете. Печената кора оставете ја настрана. На истиот начин направете уште две кори. Треба да има вкупно 3 кори.

Изматете го првиот фил со матење на жолчките и шеќерот, а потоа и брашното. Полека сипете ја смесата во загреаното зовриено млеко и сварете како пудинг.

Оставете да се олади. Маргаринот кој претходно омекнал на собна температура пенасто изматете го со шеќерот, а потоа малку по малку соединете го со оладениот фил.

Во вака соединениот фил додајте ги бисквитите, оревите и темното и белото чоколадо.

Филувајте ги корите со добиениот фил. Премачкајте ја целата торта со остатокот од филот и декорирајте по желба. Постапката можете да ја погледнете ОВДЕ.