Тортата со кори од какао и освежителен фил фантастично се комбинира со попладневното кафе. Меѓу тортите кои не се премногу комплицирани за подготовка, оваа се издвојува по својот вкус.
Филот се премачкува на меки и тенки кори, па се посипува со бадеми снегулки – фантазија за вкус! Вистински викенд деликатес кој одлично оди со попладневно кафе или десерт после ручек, а многумина потсетува на вкусот на старинските колачи. Еве што ви е потребно:
РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 6 јајца, 10 г ванилин шеќер, 150 г шеќер, 600 мл млеко, 60 г пченкарен скроб, 240 г путер, 100 мл вода, 120 г брашно, 2 лажици какао, прстофат сол
РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 400 мл млеко, 30 г путер, 1 супена лажица какао во прав, 50 г шеќер, 2 кафени лажички инстант кафе, 80 г брашно, 2 јајца, 250 г маскарпоне, 70 г шеќер, 1 лажичка екстракт од ванила, 600 мл слатка павлака 33% мм, какао во прав за посипување
ПОСТАПКА за рецепт 1: Во тенџењре скршете 4 јајца, додајте ги ванилиниот шеќер, шеќерот, 500 мл млеко, убаво измататете, па додајте го скробот. Повторно изматете убаво за да нема грутчиња, па гответе на средна топлина додека да се згусне, со постојано мешање.
Истурете ја смесата во посебен сад, а потоа покријте ја со проѕирна фолија, така што горниот слој целосно ја допира фолијата за да не фати коричка. Во друго тенџере сипете 80 мл растопен путер, вода, 100 мл млеко, изматете, па посолете.
Додајте го брашното, па оставете да се вари 2 минути на средна температура. Кога ќе се формира поцврста смеса, оставете малку да се излади, потоа додајте 2 јајца, изматете со шпатула и додајте какао.
Смесата со какао поделете ја на два еднакви дела, па испечете ги како две тенки кори во загреана рерна на 200°C околу 15 минути. Откако малку ќе се изладат, ставете ги една врз друга, исечете ги рабовите и поделете ги на 4 еднакви делови.
Пенасто изматете 160 г путер на собна температура, па постепено додајте ја и изматете ја со смесата со скроб. Најпрво дел од добиениот фил нанесете на една кора, покријте со друга и повторете ја постапката додека да се потроши филот.
Последниот слој треба да биде кора, а со лопатка израмнете го филот од страните. Украсете со листови бадем. Во продолжение погледнете ја видеопрезентацијата за вториот рецепт – ОВДЕ.