Торта со бисквити која се прави за 10 минути…Брза, вкусна и без печење…

Без печење, за 10 минути! Највкусниот десерт што некогаш сте го пробале, едноставен и лесен. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

300 мл слатка павлака за шлаг
300 мл кисела павлака
300 г бисквити
2 лажици Нутела
100 г шеќер во прав

И уште:
200 мл сок од 3 портокали за потопување на кексите
50 г чоколадо за декорација

ПОСТАПКА:

Калап или тенџере 21 см обложете го со фолија или кеса, така да можете тортата да ја извадите во едно парче.

300 мл ладна слатка павлака изматете ја со миксер додека да добиете шлаг. Додајте кисела павлака и шеќер во прав, па нежно соединете со миксер.

На дното од садот ставете слој крем, па бисквити кратко натопувани во сок од портокал, па ред крем (околу 2 лажици) и сѐ така додека да ги потрошите состојките. Завршете со слој крем.

Прекријте со фолија и оставете во замрзнувач 2 часа. Декорирајте со рендано чоколадо. Постапката погледнете ја ОВДЕ.