Home Торта ТОРТА СЕДМО НЕБО…Кокос, ореви, крем од ванила…Без трошка брашно, еден од најубавите...

ТОРТА СЕДМО НЕБО…Кокос, ореви, крем од ванила…Без трошка брашно, еден од најубавите десерти…

ТОРТА СЕДМО НЕБО…Кокос, ореви, крем од ванила…Без трошка брашно, еден од најубавите десерти…Кога ќе ја пробате оваа торта, ќе дознаете зошто е наречена „седмо небо“…вкусот таму ве води…Рецепт на Лола. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

БЕЛА КОРА:
5 белки
180 г шеќер
200 г шеќер

ЦРНА КОРА (материјал за 2 кори):
8 белки
240 г шеќер
250 г мелени ореви
1 лажица какао во прав

ФИЛ:
13 жолчки
200 г шеќер
100 г бело чоколадо
250 г путер
1 лажица екстракт од ванила

ПОСТАПКА:

ЦРНА КОРА: Белките пенасто изматете ги со постепено додавање на шеќерот додека целосно да се растопи и да добиете многу цврст снег. Додајте ги мелените ореви помешани со какао и мешајте со шпатула додека сето да се изедначи.

Смесата поделете ја на половина, распоредете ја во тепсија 23х30 см и испечете 2 кори во загреана рерна на 180 степени.

БЕЛА КОРА: На ист начин испечете ја и белата кора со кокосот, но за неа веднаш намалете на 150 степени и печете ја додека почне малку да се одвојува од плехот, но да остане бела.

ФИЛ: Со миксер изматете ги жолчките со шеќерот додека тој да се растопи, па ставете на вареа и гответе 15-тина минути со непрекинато мешање. Додајте го чоколадото да се растопи па оставете да се олади до собна температура.

Оладениот крем изматете го со миксер и постепено додајте му го путерот, исто така омекнат на собна температура.

РЕДЕЊЕ: црна кора, фил, бела кора, фил, црна кора. Декорација со шлаг или малку фил ако ви остане, колку да омекне кората и посипете облично кокос. Оставете преку ноќ во фрижидер убаво да се стегне.