ТОРТА „РУСКА САЛАТА“ ЗА СЕКАКВИ ПРИГОДИ…Ништо полесно и повкусно не сте пробале…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За една кора, а потребни се три:
4 белки
2 жолчки
4 лажици шеќер
2 лажици мелени ореви
2 лажици брашно тип 400
калап 28

За фил:
750 мл млеко
6 жолчки
6 лажици шеќер
2 кесички ванилин шеќер
5 лажици остро брашно
250 г путер или маргарин омекнат на собна температура
250 г шеќер во прав
100 г сечкани ореви
100 г сечкани желе бонбони
100 г суво грозје (15 мин потопено во топла вода или рум/сок од портокал)

ПОСТАПКА:

1.Пенасто изматете ги белките со постепено додавање на шеќерот. Кога ќе добиете цврст снег додајте ги двете жолчки, една по една.

2.Измешајте ги мелените ореви со брашното, па постепено додајте ги во јајцата и мешајте со лажица за да остане смесата воздушеста.

3.Смесата распоредете ја во калап 28 см обложен со хартија за печење, а обрачот намастен и набрашнет и ставете да асе пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 30 минути.

4.Печената кора оставете ја кратко да се олади во калапот, па извадете ја сосе хартија и повторете ја постапката уште двапати, за добиете вкупно три кори.

5.Со жица изматете ги 6-те жолчки со шеќер и ванила, додајте малку млеко за да се разреди смесата, додајте го острото брашно и сето изедначете го за да нема грутчиња.

6.Остатокот од млекото ставете го на оган да зоврие. Намалете ја малку температурата, додајте ја смесата и вратете на оган. Варете со непрекинато мешање додека да згусне.

7.Сварениот крем претурете го во друг сад, прекријте го со проѕирна фолија и оставете да се олади на собна температура.

8.Пенасто изматете го путерот со шеќер во прав, па постепено додајте го оладениот крем и сето со миксер соединете.

9.Извадете една третина од филот и оставете ја на страна, а во остатокот додајте сечкани желе бонбони, ореви и суво грозје.

10.ФИЛУВАЊЕ: кора, шарен фил, кора, шарен фил, кора, жолт фил. Тортата оладете ја преку ноќ пред послужување. Постапката погледнете ја ОВДЕ.