Home Торта ТОРТА ПОЛИЦАЈКА…Голема, со печени кори, полна со ореви и чоколадо…

ТОРТА ПОЛИЦАЈКА…Голема, со печени кори, полна со ореви и чоколадо…

ТОРТА ПОЛИЦАЈКА…Голема, со печени кори, полна со ореви и чоколадо…

Десерт што сите го сакавме во Југославија, излегува доста голема, а постапката е многу едноставна… Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

Состојки за кора:

4 јајца
24 лажици шеќер
24 лажици брашно
26 лажици млеко
5 лажици какао
1 прашок за печиво

Состојки за филот:
1 литар млеко
200 г шеќер
200 г чоколадо за готвење
250 г путер
200 г мелени ореви или печени лешници

Состојки за премачкување и декорација:
250 мл слатка павлака за матење
200 г чоколадо
НМД.мк

ПОСТАПКА:

Подготовка на кора: измешајте брашно, прашок за печиво и какао.

Јајцата и шеќерот пенасто изматете ги додека да згуснат. Додајте млеко и матете кратко на мала брзина. Постепено додавајте ја смесата со брашното, какаото и прашокот за пециво, па матете кратко додека да се соедини.

Плехот со дијаметар од 25 см обложете го со хартија за печење и истурете половина од смесата. Ставете да се пече во загреана рерна на 190°C 25-30 минути. Постапката повторете ја со другата половина од смесата.

Изладените кори исечете ги хоризонтално за да добиете четири кори.

Подготовка на филот: сварете го млекото со шеќер. Додајте го чоколадото и мешајте додека да се растопи. Потоа додајте ги путерот и мелените ореви или лешниците, па измешајте сè заедно.

ФИЛУВАЊЕ: на дното на калапот ставете хартија за печење и првата кора. Прелијте со една третина од филот, па ставете ја втората кора. Постапката повторувајте ја додека да ги наредите сите кори, завршувајќи со кора одозгора.

Тортата треба да стои во фрижидер преку ноќ.

Декорација: загрејте ја слатката павлака, додајте го чоколадото и мешајте додека да се растопи. Не смее да зоврие!

Изладете го кремот од ганаш, изматете го со миксер и премачкјате ја тортата. Декорирајте по желба. Уживајте во секој залак од ова кремасто и богато задоволство! Деталите од постапката погледнете ги во видеото ОВДЕ: