Home Торта Торта од моркови…Едноставно, но многу вкусно! Евтина торта со многу богат вкус…

Торта од моркови…Едноставно, но многу вкусно! Евтина торта со многу богат вкус…

Торта од моркови…Едноставно, но многу вкусно! Евтина торта со многу богат вкус… Рецепт и фото на Радка Димитрова. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За пандишпаните:
2 чаши ситно рендани моркови
2 чаши брашно
2 чаши шеќер
2 јајца
1 чаша масло
1/2 чаша млеко млеко + 1/2 чаша сок од портокал
кора од 1 портокал
1 чаша сечкани ореви
2 лажички прашок за печиво
2 лажички цимет

Тестото ​​лесно се подготвува, зашто не мора да се користи миксер. Прво се матат јајцата со шеќерот за да се растопи, па течните состојки, па сувите и на крај оревите и ренданите моркови.

Смесата се пече во 2 калапи по 23 см во загреана рерна на 160 степени со вентилатор (или 180 степени, без).

КРЕМ:

300 г маскарпоне
300 мл слатка павлака
шеќер во прав по вкус
За декорација: ореви и суви кајсии

Изматете ја слатката павлака и додајте шеќер по вкус, па соединете со крем сирењето. Филувајте ги двете кори и премачкјате ја целата торта со кремот, па декорирајте по желба.