ТОРТА „ГРАДСКИ МАЧОР“…Како што бабите правеа од состојки в кујна, а има предобар вкус…ќе ве освои со првиот залак…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА 1 КОРА (треба да испечете три кори):
4 белки
4 лажици шеќер
3 супени лажици ореви
3 супени лажици брашно

Фил:
12 жолчки
750 мл млеко
150 г шеќер
4 лажици брашно
3 лажици скроб
250 грама путер или маргарин
100 г чоколадо за готвење
100 г ореви

ПОСТАПКА:

1.Изматете ги белките и шеќерот додека да добиете цврст снег кој не паѓа од садот кога ќе се преврти.

2.Додајте мелени ореви и брашно, соединете со лажица со бавни движења, распоредете во калап (26 см) обложен со хартија за печење и сосем малку намастена.

3.Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 20-тина минути. Постапката повторете ја уште два пати.

4.За фил: во тенџере изматете ги жолчките со шеќерот, брашното и млекото, па варете со непрекинато мешање додека да згусне. оставете да се олади на собна температура.

5.Путерот (омекнат на иста собна температура) пенасто изматете го со миксер, па започнете постепено да го додавате пудингот. Соединете во мазен крем.

6.Филот поделете го на три дела, едниот оставете го како што е, во вториот додајте растопено чоколадо, а во третиот мелените ореви.

7.ФИЛУВАЊЕ: кора-чоколаден фил, кора – фил со ореви, кора – жолт фил. Одозгора декорирајте со шлаг.

Тортата послужете ја добро изладена во фрижидер (неколку часа или преку цела ноќ). Постапката погледнете ја ОВДЕ.