Рецепт и фото: Марија Милосковиќ
Потребни состојки за една кора, а потребни се вкуспно 3:
5 белки
150 г шеќер
1 прстофат прашок за печиво
3 лажици брашно
150 г сечкани ореви
Постапка:
Пенасто се матат белките, па потоа внимателно со лажица се додаваат другите состојки, па се пече на 200 степени околу 15 минути.
За фил:
1 литар млеко
4 пудинг од ванила
15 жолчки
300 г шеќер во прав
375 г путер/ маргарин
150 г сечкани ореви (не мора)
250 г чоколадо
150 г изматен шлаг ( не мора)
Постапка:
Сварете го пудингот со 15 жолчки и 300 г шеќер во прав во еден литар млеко. Кога ќе излади соединете го со пенасто изматен путер, а може да додадете и ореви, но не мора. Исто така јас додадов и изматен шлаг за да биде покремаста структура, но и ова не мора. Кремот се дели на два дела, а во едниот додавате растопено чоколадо и промешувате.
Редење: кора – жолт крем – кафеав крем – кора …
Рецепт и фото: Марија Милосковиќ