Рецепт и видео прилог на Лара од CooKing: Чоколадна торта, готова за 15 минути.

Чоколадна торта идеална за сите љубители на чоколадото кои немаат многу време за во кујна.

Потребни состојки:

850 мл слатка павлака
200 г црно чоколадо
300 г пишкоти
млеко за натопување

За декорација:

150 мл слатка павлака
80 г чоколадо (Ципирипи)
калап 30х25 см

Постапка:

Чоколадото (200 г) искршете го на коцки и прелијте го 150 мл слатка павлака. Растопете го врз пареа (или во микробранова печка) и промешајте додека да се соедини со повлаката. Оставете 2-3 минути да излади.

Изматете цврст шлаг од 700 мл слатка павлака, а потоа во тенок млаз додајте го растопеното чоколадо. Изматете додека убаво да се изедначи.

Пишкотите (или други кекси по избор) кратко натопувајте ги во млеко и редете ги во калап со димензии 30х25 см или приближно. Врз првиот ред пишкоти рамномерно распоредете половина од филот и убаво израмнете.

Повторете ја постапката уште еднаш, односно наредете уште еден ред пишкоти и врз нив нанесете го остатокот од филот.

Декорирајте со рендано чоколадо или по избор и добро изладете пред послужување. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: