Оваа торта се топи во уста, вкусот е неодолив, а толку брзо и едноставно се приготвува.

Се користи калап бр.20

Потребни состојки:

3 јајца
300 г шеќер
250 г ореви мелени
100 г лешници мелени
250 г маргарин или путер
350 г мелени бисквити
200 г чоколадо за готвење
6 лажици масло

Постапка:

Во оригиналниот рецепт се користат сирови јајца, меѓутоа од безбедносни причини, најдобро е термички да се обработат, особено доколку тортата ја приготвувате кога времето е топло или не планирате целата да се потроши истиот ден.

Прво се матат јајцата со постепено додавање на шеќерот, додека тие да побелат, а шеќерот да се растопи.

Ако не ги обработувате термички јајцата, тогаш продолжувате со рецептот, во спротивно, на тивок оган или на пареа со матење истретирајте ги 5-10 минути.

Путерот растопете го. Во мелените бисквити додадете ги оревите и лешниците, па заедно полејте ги со путерот и изладените јајца.

Промешајте убаво со лажица. Ако смесата е малку течна, додадете уште малку бисквити. Треба да се добие меко, мазно и густо тесто.

Смесата префрлете ја во калап и добро израмнете и ставете во фрижидер за да се стегне убаво.

За тоа време подгответе ја глазурата: искршеното чоколадо заедно со маслото растоепете го на многу тивок оган (или во микробранова), па прелијте преку колачот и израмнете.

Повторно вратете во фрижидер, па кога ќе се стегне и чоколадото, можете да ја сечете и да ја послужите.

Сите детали околу подготвувањето можете да ги погледнете во видеото: