Температурата на телото веднаш по будењето може да ви открие дали сè е во ред со тироидната жлезда. Имено, научниците откриле дека температурата на телото веднаш по будењето е доволен показател на тоа дали сè е во ред со тироидната жлезда и дали таа работи правилно.
Овој начин на проверка на активноста на тироидната жлезда бил откриен пред 50 години од д-р Брода Барнс, американски лекар. Тој во својата книга пишувал конкретно за овој проблем, за активностите и неактивноста на тироидната жлезда, односно ендокрините дисфункции кај оние луѓе кои во тоа време не можеле да си дозволат посета на лекар.
Брода О. Барнс бил американски лекар и професор по медицина, кој ја проучувал ендокрината дисфункција на штитната жлезда, особено хипотироидизмот. Во 1970 -тите, Барнс објавил неколку книги, а неговите ставови за големата распространетост на хипотироидизмот никогаш не биле широко прифатени од медицинската заедница и биле спротивни на сегашното разбирање за функцијата на тироидната жлезда.
Тој ја прогласил температурата на телото за моќен сојузник во откривањето на овој проблем и инвентирал едноставен тест што можете да го направите дома, додека сè уште не сте станале од кревет, веднаш по будењето.
ТЕСТОТ НА БАРНС ЗА ОТКРИВАЊЕ НА ЕНДОКРИНАТА ДИСФУНКЦИЈА. Подготовката за тестот започнува навечер, пред спиење. Подгответе си го термометарот и протресете го така што температурата што ја покажува е пониска од 35 степени.
Термометарот ставете го близу до вас, за кога ќе се разбудите наутро да не треба да станувате од кревет, туку да ви биде при рака. Наутро, откако ќе се разбудите, измерете ја температурата (најдобро е да го ставите термометарот под пазувите, на го-ла кожа и држете околу 10 минути).
Температурата што ќе се прикаже на термометарот по мерењето се нарекува „утринска базална температура.“ Напишете го веднаш резултатот на хартија за да проверите што тоа точно значи.
ТОЛКУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ТЕСТОТ. Ако температурата на термометарот е помеѓу 36,5 и 36,8 степени – тоа укажува дека штитната жлезда работи нормално. Ако температурата е пониска од 36,5 степени – укажува на намалена функција односно потенцијален хипотироидизам.
Покрај тоа, доколку чувствувате некои од следниве симптоми како недостаток на енергија, замор, често добивате инфекции, хронична главоболка, заборавеност и намалена концентрација, губење на косата, тоа е сигурен знак дека имате проблеми со штитната жлезда.
Ако температурата на термометарот е повисока од 36,8 степени – тироидната жлезда работи брзо или постои инфекција во телото. Затоа, ако температурата е под или над нормалните вредности, конcyлтирајте се со доктор за да ја потврдите дијагнозата и да добиете стручен совет.
Температурата може да варира поради заразни болести, кај жени во менопауза или мен-струација. Затоа, направете го овој тест кога сте здрави и кога немате циклус, а за точна прецизност на показателот за штитна дисфункција, потребно е да го правите тестот 3 дена по ред, секое утро веднаш по будењето.