Потребни состојки:
400 г јунешко месо
1 главица кромид
2 чешниња лук
2 моркови
100 г целер
500 г компир
200 мл доматен сос
100 мл бело вино
1 ловоров лист
Сол, црн пипер, мелен коријандер
1 лажица црвен пипер во прав
Масло по потреба
700 мл вода
За кнедли:
1 јајце
Сол
4 лажици газирана вода
5-6 лажици брашно
Постапка:
Во експрес лонец на 2-3 лажици масло пропржете го месото исечено на коцки, додадете сечкан кромид и лук, морков на тркалца, целер на коцки, па додадете 100 мл вино.
Динстајте 2-3 минути колку да испари виното, па додадете го компирот исечкан на коцки, 1 лажица мелен црвен пипер, сол, црн пипер мелен, коријандер, па додадете и 200 мл сок од домати и 1 ловоров лист.
Дополнете со половина литар вода и гответе половина час.
За тоа време направете ги кнедлите: во еден сад ставете едно јајце, посолете, 4 лажици газирана вода и 5-6 лажици брашно.
Кога гулашот е сварен, отворете го капакот, па додадете уште 200 мл топла вода.
Со мало лажиче натопено во гулашот, вадете од смесата за кнедли и спуштајте ги во гулашот.
Гответе уште десет минути и вашето прекрасно јадење ќе биде готово.