Овој брз рецепт за супа од зеленчук ќе ви се најде по празничното прејадување. Ќе ни помогне да ја „нормализираме“ фигурата и дигестивниот систем.
Освен тоа, супата приготвена според овој рецепт е многу вкусна и здрава, а претставува и еден од најдобрите начини за слабеење.
Заситува и загрева, а благодарение на содржината на влакна и ниската калорична вредност доведува до брзо губење на вишокот килограми.
По празниците, повеќето од нас накачија некој килограм плус со кој не се гордееме, па вреди да одиме на оваа супа што разбива маснотии.
Една од важните предности на оваа супа е тоа што можете однапред да зготвите поголема количина и да ја складирате во помали садови или тегли и да ја чувате во фрижидер. Покрај тоа, подготовката не одзема многу време. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 голем кромид
1 морков
2-3 стебленца целер (или еден среден корен)
2 пиперки, жолта и црвена (или какви имате)
1/2 главица зелка
1 голем домат или 2 помали
400 мл доматно пире
2 чешниња лук
сол, мелен црн пипер, магдонос
1-2 коцки зеленчуков или пилешки булјон
ПОСТАПКА:
Запржете го кромидот на многу малку масло, а потоа додајте го морковот и целерот исечкан на коцки. Залијте со малку вода и оставете да зоврие, додајте две пиперки исечкани на коцки и исечканата зелка.
По додавањето на зелката, почекајте да омекне, па уште еднаш прелијте со вода во која сте ги раствориле коцките за супа, да се прекрие зеленчукот и оставете да се вари на ниска температура додека да омекне.
Потоа во тенџерето истурете го доматното пире. Интересен додаток е додавањето на еден рендан домат (или два помали), кои претходно сте ги измиле, а оние кои имаат тегоби со желудникот треба и да ги излупат.
Во супата додајте истиснат лук и варете 15-20 минути. Извадете ја супата од шпоретот и кога ќе се олади, малку испасирајте ја со блендер.
Веднаш изедете една порција, а остатокот изладете го и чувајте го во фрижидер следните неколку дена. Една верзија на овој рецепт со видеопрезентација можете да погледнете ОВДЕ. Ќе ви се допадне сигурно, а со неа презентереот ослабел 10 кг за 1 месец.