Веќе не е познат оригиналот или кој прв го сподели овој рецепт, бидејќи денес на Интернет може да се најдат и прочитаат голем број негови варијации.

Секако луѓето го испробуваат и го прилагодуваат според својот вкус и потребите, но она што е најважно, е дека навистина делува и многу е ефикасен.

Основниоте состојки за приготвување на овој чудотворен напиток се зелен чај (најдобро е да се користи во прав, но во недостиг ќе помогнат и филтер кесички), цимет и ловоров лист.

Чајот има својство да ги исфрла вишокот течности и соли од организмот, врши детокс, го јакне имунитетот, ја намалува потребата за слатко, го освежува и регенерира целиот организам, со што дополнително го мотивира поединецот што сака да ослабе.

Она што е најдобро од сè, чајот поттикнува слабеење и топење на масното ткиво на критичните точки од телото, а тоа се стомакот, бутовите и задникот.

Комбинацијата од овие три состојки го забрзува метаболизмот, а за само 7 дена користење може да се ослабат и до 8 см во половината.

Нормално, резултатите се индивидуални, во зависност од полот, возраста, физичката активност и начинот на исхрана, а чајот се пие две до три седмици, по што се прави пауза од најмалку една седмица.

Потребни состојки:

800 мл вода
2-3 стапчиња цимет (или 2-3 лажици во прав)
3-5 ловорови листови
1 рамна супена лажица зелен чај или 3 филтер кесички

Постапка:

Водата ставете ја на оган, па откако ќе се зоврие додајте го циметот и ловоровиот лист. Тргнете од оган и оставете поклопено. После 5-7 минути додајте го зелениот чај и оставете поклопено да отстои уште 7 минути.

Потоа процедете го и чајот е подготвен за пиење. Се препорачува целата количина да се испие во еден ден, распределена на трипати.

Првата шолја чај треба да се испие наутро, на гладен стомак. Втората шолја чај треба да се испие после појадокот, а третата шолја чај се пие навечер пред спиење.