Многу вкусни, нежни топчиња од компир.
Потребни состојки: 500 г компир, 250 мл вода, 80 г путер/маргарин, 120 г брашно, 2 јајца. Ќе ви биде потребно уште малку сол и рендано мускантно оревче или зачин по вкус и масло за пржење.
Постапка: Компирот излупете го, исечете го на коцки со средна големина и сварете го во солена вода (внимавајте да не се превари), потоа исцедете го и испасирајте го во мазен крем брз грутчиња. Може да се послужите и со миксер. Загрејте ја водата и ставете путер да се растопи.
Кога ќе проврие додадете брашно и мешајте додека тестото да започне да се одвојува од ѕидовите на садот и да се направи како топка (слично како за принцес крофни). Тргнете од оган и додадете го испасираниот компир, јајца, сол и малку рендано мускантно оревче.
Сите состојки фино измешајте ги за да се изедначи смесата. Кога малку ќе излади, од смесата црпете со лажица и обликувајте топчиња со величина од зрно грозје до орев (по ваш избор) Дланките може малку да ги намастите. Загрејте го маслото и во него спуштајте ги топчињата.
Пржете околу 2-3 минути во умерено загреано масло, додека фино да заруменат од сите страни. Вадете со решеткаста лажица и редете на хартиена салветка за да се впие вишокот на маснотии. Послужете ги топли како прилог со печено месо или зеленчук.
Напомена: Топчињата може да ги замрзнете непржени, па по потреба да ги вадите и кратко да ги пржете во масло. Најдобро е да се наредат на рамна чинија претходно наросена со брашно, па така да се замрзнат. Кога топчињата сосем ќе се стегнат, може да се префрлат во кесички за замрзнување. Не треба да се одмрзнуваат пред пржење, туку само да се спуштат во загреано масло.
Receptizapet.com