Толку вкусно! Ова го правам за вечера 3 пати неделно! Супер лесен рецепт за риба! Ако имате тенки филети риба, ова е најлесниот и највкусниот начин за да ги приготвите. Однадвор се крцкави, а однатре се многу сочни. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
320 г филети риба
сол, црн пипер по вкус
малку брашно
за смеса:
50 г брашно
1/2 лажичка прашок за печиво
сол и црн и црвен пипер по вкус
70 мл вода
1/2 лажичка маслиново масло
ПОСТАПКА:
Филетите зачинете ги со сол и црн пипер и протријте ги добро од двете страни. Оставете ги настрана 15-тина минути за да навлезат зачините во месото.
Во еден сад измешајте ги си сите наведени состојки, така да добиете хомогена изедначена смеса без грутчиња, малку погуста од онаа за палачинки.
Филетите риби извалајте ги во брашно или едноставно просејте брашно врз нив, добро да се нафати од двете страни. Потоа исечете ги на помали парчиња или колкави сакате да бидат.
Загрејте масло на умерена температура, па филетите натопувајте ги во смесата и пржете ги од двете страни по 3-5 минути или колку што е потребно за да заруменат убаво.
Внимавајте, температурата не смее да биде превисока, ниту прениска. Испржените парчиња риба вадете ги врз хартиена салветка. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.