Толку се вкусни и брзи што ги правам двапати седмично…Без печење, брзи и вкусни топчиња со бисквити…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
500 г бисквити
120 г кикирики
120 г шеќер
60 г какао во прав
250 мл млеко
150 г путер
1 лажичка ванилин шеќер
За глазура:
80 г црно чоколадо
80 г млечно чоколадо
20 мл масло
50 г кикирики
ПОСТАПКА:
1.Во подлабок сад искршете ги бисквитите со раце. Кикириките испечете ги во сува тава со непрекинато мешање додека малку да замирисисаат и пожолтат. Ситно исечкајте ги (или изблендирајте ги) и додајте ги во бисквитите.
2.Во тенџере измешајте шеќер, какао и млеко, па ставете на оган да зоврие и мешајте додека да згусне. (Какото по желба можете да го измешате со лажичка густин).
Тргнете од оган и додајте путер, па мешајте додека да се растопи и инкорпорира. За вкус додајте ванула.
3.Смесата сипете ја врз мешавината од бисквити и кикирики, па промешајте за сето да се соедини. Покројте со кеса и оставете да се олади до собна температура.
4.Намастете ги дланките, со лажичка црпете од смесата и обликувајте топчиња.
5.За глазура: растопете ги чоколадата со малку масло и ситно сечкани/блендирани кикирики, па секое топче потопувајте го и оставете го врз хартија да се стегне. Постапката погледнете ја ОВДЕ.
https://youtu.be/pMD42HyKmaQ?si=q7_soDyLX7UCxT2d