Толку е вкусен што ќе го правите секој ден…слоевит колач со крем…Еве што ви е потребно за оваа кремаста торта со вкус на еклер:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За крем:
500 мл млеко
2 јајца
150 г шеќер
20 г ванила шеќер
60 г скроб/нишесте/густин
160 г путер на собна температура

За тесто:
3-4 јајца
100 мл млеко
100 мл вода
120 г брашно
80 г путер
1 прстофат сол
1 прстофат шеќер

ПОСТАПКА:

1.За крем:Во тенџере добро измешајте ги јајцата со шеќерот ванилата и скробот, па кога ќе се изедначи постепено додајте го млекото и ставете на оган да се вари со непрекинато мешање додека да згусне.

2.Сварениот крем оставете го настрана да се олади до собна температура (покриен со фолија за да не фаќа коричка или пак, повремено промешувајте го).

Путерот омекнат на собна температура пенасто изматете го (5 минути), па во него постепено додавајте го оладениот крем.

Матете со миксерот додека сето убаво да се изедначи во нежен крем.

3.За кора: во тенџере ставете путер, сол, шеќер, вода и млеко, па загревајте додека сето да се растопи и соедини. Пред да зоврие истурете го брашното и внимателно промешајте.

4.Гответе го тестото додека да стане комапктно и да се одвојува од ѕидовите на тенџерето.

5.Тестото претурете го во друг сад и кога ќе биде млако започнете да ги додавате јајцата едно по едно (кога едното ќе се соедини со тестото, тогаш додајте го следното).

6.На крај тестото треба да биде меко, мазно и да паѓа во пластови од лажицата, „да обликува триаголник“.

7.Половина од тестото распоредете го рамномерно на силиконска хартија за печење (рамен плех) со димензии 30х40 см и ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени, 10-15 минути.

8.Испечете две вакви кори и оставете да се оладат. Потоа исечете ги, секоја на 4 дела, вкупно 8 кори.

9.РЕДЕЊЕ: кора-фил-кора-фил…завршете со кора. Страните премачкјате ги со фил и обложете ги со бадемови снегулки, а одозгора посипете шеќер во прав. Оставете да се олади во фрижидер најмалку 1 час. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/OknINJu_lj8?si=rRtMdgwLNd8YGmLP